Почнуваме
Вклучување и исклучување на Вашиот
уред
За да го вклучите уредот, притиснете го и задржете го копчето
за Вклучување-Исклучување. Ако го вклучувате Вашиот уред за
прв пат, поставете го Вашиот уред со следење на инструкциите
прикажани на екранот.
За да го исклучите уредот, притиснете и задржете го копчето за
Вклучување-Исклучување и изберете Исклучување
→
OK.
Следете ги сите објавени предупредувања и упатства од
●
овластен персонал во области каде што употребата на
безжични уреди е ограничена, како во авиони и болници.
За користење само на услугите кои не користат мрежа,
●
префрлете во Режим за летало.
Премин во Режим за летало
›
Во Режим за летало можете да ги оневозможите сите безжични
врски и да користите услуги кои не зависат од мрежа, на места
каде што безжичните уреди се забранети, како на пример
авиони и болници.
Одете до Нагодувања
→
Повеќе параметри и потоа изберете
го полето за штиклирање веднаш до Режим за летало за да го
активирате или деактивирате режимот за летало.
Comments to this Manuals