Samsung GT-N8000 User Manual Page 25

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 185
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 24
24
Почнуваме
Контролирајте го екранот чувствителен на допир преку
следните дејства:
Допир: Допрете еднаш со прстот или со доставеното
S-пенкало за да изберете или отворите мени, опција или
апликација.
Задржи допрено: Допрете ја ставката и задржете ја повеќе од
2 секунди за да се отвори список со опции.
Влечете: Допрете и влечете го прстот нагоре, надолу, лево
или десно за да одете на ставките од списоците.
Повлечи и пушти: Допрете и задржете го прстот на ставка и
потоа влечете го прстот за да ја придвижите ставката.
Двоен допир: Допрете двапати брзо со Вашиот прст за да
зумирате и да одзумирате додека прегледувате фотографии
или интернеттраници.
Вртење на екранот чувствителен на допир
Вашиот уред има вграден сензор за движење што ја детектира
насоченоста. Ако го завртите уредот, приказот ќе се заврти
автоматски во зависност од ориентацијата.
За да го поставите приказот да ја одржува ориентацијата,
изберете ја десната страна на системска лента и потоа
изберете Вртење екран од прозорецот за известување.
Заклучување или отклучување на екранот
чувствителен на допир
Доколку не го користите уредот во определен период, тогаш
тој го исклучува екранот чувствителен на допир и автоматски
го заклучува со цел да спречи какви било непожелни операции
со уредот. За да го заклучите екранот чувствителен на допир
рачно, притиснете го копчето за Вклучување/Исклучување.
За да го отклучите, вклучете го екранот со притискање на
копчето за Вклучување/Исклучување, допрете каде било на
екранот и повлечете го прстот во која било насока.
Можете да ја активирате одликата за заклучување на
екранот за да спречите други лица да ги користат или
да пристапат до Вашите лични податоци и информации
зачувани во Вашиот уред.
стр. 35
Page view 24
1 2 ... 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 ... 184 185

Comments to this Manuals

No comments