Samsung GT-S7500 User Manual Page 151

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 158
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 150
Безбедносни мерки на претпазливост
151
Информации за SAR (Specific Absorption Rate)
сертификатот
ОВОЈ УРЕД ГИ ИСПОЛНУВА СИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ПРАВИЛА ЗА
ИЗЛОЖЕНОСТ НА РАДИО БРАНОВИ
Вашиот мобилен уред емитува и прима радио бранови. Дизајниран е така
што нема да дозволи надминување на границите за изложеност на радио
бранови (радио-фреквентни електромагнетни полиња) препорачани
од меѓународните правила. Правилата беа развиени од страна на
независна научна организација (ICNIRP) и вклучуваат суштинска маргина
на безбедност дизајнирана за да осигура безбедност на сите лица, без
разлика на возраста и здравјето.
Правилата за изложеност на радио бранови користат единица мерка
позната како Специфична стапка на апсорпција (Specific Absorption Rate)
или SAR. Границата на SAR за мобилни уреди е 2,0 W/kg.
Тестовите за SAR се спроведуваат користејќи стандардни оперативни
положби според кои уредот емитува на своето највисоко сертифицирано
ниво на моќност во сите тестирани опфати на фреквенција. Највисоките
SAR вредности според правилата на ICNIRP за овој модел на уред се:
Максимум SAR за овој модел и услови според кои бил регистриран
Главен SAR 0,839 W/kg
При употреба, фактичките SAR вредности за овој уред се обично многу под
вредностите наведени погоре. Тоа е бидејќи, заради системска ефикасност
и за минимизирање на пречките во мрежата, оперативната моќност на
Вашиот мобилен уред автоматски се намалува кога не е потребна полна
моќност за повикот. Колку е пониска излезната моќност на уредот, толку е
помала SAR вредноста.
Организации, како Светската здравствена организација и Управата за
храна и лекови на САД, предлагаат ако луѓето се загрижени и сакаат да ја
намалат нивната изложеност, можат да користат дополнителна опрема за
разговор со „слободни раце“ за да го држат безжичниот уред подалеку од
телото за време на неговата употреба или да го намалат времето поминато
во користење на уредот.
За повеќе информации, посетете www.samsung.com/sar и побарајте го
Вашиот уред со пребарување на неговиот број на модел.
Page view 150

Comments to this Manuals

No comments