Samsung SM-J600FN User Manual Page 163

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 169
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 162
Додаток
163
Екранот на допир реагира бавно или неправилно
•
Ако поставите заштита на екран или изборен додаток на екранот на допир, екранот на
допир може да не функционира правилно.
•
Ако носите ракавици, ако Вашите раце не се чисти додека го допирате екранот на допир
или ако го допирате екранот со остри предмети или со врвовите на Вашите прсти,
екранот на допир може да функционира неисправно.
•
Екранот на допир може да функционира неисправно во влажни услови или кога е
изложен на вода.
•
Рестартирајте го Вашиот уред за да се исчистат сите евентуални софтверски грешки.
•
Осигурете се дека софтверот на Вашиот уред е ажуриран со најновата верзија.
•
Доколку екранот на допир е изгребан или оштетен, посетете сервисен центар на
Samsung.
Вашиот уред се блокира или се соочува со фатални грешки
Пробајте ги следниве решенија. Ако проблемот и натаму останува нерешен, обратете се до
сервисен центар на Samsung.
Рестартирање на уредот
Ако Вашиот уредот се блокира или прекинува повици, можеби ќе треба да ги затворите сите
апликации или да го исклучите и да го вклучите повторно.
Присилно рестартирање
Ако Вашиот уред се блокирал и не реагира, држете ги притиснати истовремено копчето за
вклучување/исклучување и копчето за намалување на јачина на тон подолго од 7 секунди за
да го рестартирате.
Ресетирање на уредот
Ако со горенаведените методи не се реши Вашиот проблем, извршете фабричко ресетирање
на податоците.
Стартувајте ја апликацијата
Поставувања
и допрете
Општо управување
Ресетирање
Ресетирање на фабричките нагодувања
РЕСЕТИРАЈ
ИЗБРИШИ СÈ
. Пред да
извршите ресетирање на фабричките вредности, не заборавајте да направите резервни
копии од сите важни податоци зачувани во уредот.
Page view 162

Comments to this Manuals

No comments