Samsung GT-E1080/I User Manual

Browse online or download User Manual for Smartphones Samsung GT-E1080/I. Samsung GT-E1080/I Упатство за користење

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 2
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 0
Информации за безбедноста и начинот на употреба
Безбедносни мерки
на претпазливост
Постојано возете внимателно
Избегнувајте користење на Вашиот телефон додека
возите и почитувајте ги сите прописи кои го
ограни чу ваат користењето на мобилните телефони
за време на возење. Користете hands-free опрема кога
е возможно за да ја зголемите Вашата безбедност.
Следете ги сите безбедносни
предупредувања и прописи
Почитувајте ги прописите кои го ограничуваат
користењето на мобилниот телефон во одредена
област.
Користете само опрема одобрена од Samsung
Користењето на некомпатибилна опрема може да го
оштети Вашиот телефон или да предизвика повреда.
Исклучете го телефонот во близина
на медицинска опрема
Вашиот телефон може да предизвика пречки
на медицинската опрема во болниците или
здравствените установи. Следете ги сите прописи,
објавени преду предувања и упатства
од медицинскиот персонал.
Исклучете го телефонот или исклучете ги
функциите за безжична мрежа кога сте во авион
Вашиот телефон може да предизвика пречки
на опремата во авионот. Следете ги сите прописи
од воздухопловната компанија и исклучете го
Вашиот телефон или префрлете се во режим кој ги
оневозмож ува функциите за безжична мрежа кога
е тоа наложено од персоналот на компанијата.
Заштита на батериите и полначите
од оштетување
Избегнувајте да ги изложувате батериите на многу
ниски или многу високи температури (под 0 °C/32 °F
или над 45 °C/113 °F). Екстремните температури го
намалуваат капацитетот на полнење и векот
на траење на Вашите батерии.
Спречете контакт на батериите со метални
предмети, затоа што тоа може да предизвика
директно спојување помеѓу + и - половите
на батеријата кое води до привремено или трајно
оштетување на батеријата.
Никогаш не користете оштетен полнач или батерија.
Ракувајте со телефонот внимателно и разумно
Не дозволувајте телефонот да се навлажи –
течностите можат сериозно да го оштетат телефонот.
Не ракувајте со телефонот со влажни раце.
Оштетувањата на телефонот предизвикани од вода
можат да ја поништат гаранцијата на производителот.
Избегнувајте користење или чување на телефонот
на прашливи, валкани места за да спречите
оштетување на механичките делови.
Вашиот телефон е сложен електронски уред –
заштитете го од удари и грубо ракување за да
се избегне сериозно оштетување.
Немојте да го боите Вашиот телефон, бојата може
да ги затне механичките делови и да го наруши
неговото правилно функционирање.
Доколку Вашиот телефон има блиц или светло,
одбегнувајте да ги користите блиску до очите на
децата или животните.
Вашиот телефон и мемориски картички можат да
бидат оштетени со изложување на магнетни полиња.
Не користете футроли или опрема со магнетно
затворање и не дозволувајте телефонот да биде
изложен на магнетни полиња подолг временски
период.
Избегнување пречки со други електронски
уреди
Вашиот телефон емитира радио фреквентни (RF)
сигнали кои можат да предизвикаат пречки
на незаштитена или неадекватно заштитена
електронска опрема, како што се пејсмејкерите,
слушните помагала, медицинските уреди и други
електронски уреди во домовите или возилата.
Обратете се до производителот на електронскиот
уред за да решите било каков проблем со пречки
на кој сте наишле.
Важни информации за начинот
на употреба
Користете го телефонот во нормална положба
Избегнувајте контакт со внатрешната антена
на телефонот.
Внатрешна
антена
Дозволете само квалификувани лица да го
сервисираат Вашиот телефон
Дозволувањето на неквалификувани лица да го
сервисираат Вашиот телефон може да предизвика
оштетување на телефонот и поништување
на Вашата гаранција.
Обезбедете максимален век на траење
на батеријата и полначот
Избегнувајте полнење на батериите подолго
од една седмица, бидејќи преполнувањето може
да го скрати нејзиниот век на траење.
Со тек на време, неупотребуваните батерии ќе се
испразнат и мора повторно да се наполнат пред
употреба.
Исклучете го полначот од струја кога не го користите.
Користете ги батериите само за целта за која се
наменети.
Исклучете го телефонот во потенцијално
експлозивни околини
Не го користете Вашиот телефон на места
за снабдување со гориво (бензински станици) или
во близина на горива или хемикалии. Исклучете
го Вашиот моб илен телефон секогаш кога е тоа
назначено со знаци за предупредување или
упатства. Вашиот телефон може да предизвика
експлозија или пожар во или во близина на простори
за складирање на гориво или хемикалии и простори
за пренос или експлозивни простори. Не чувајте или
пренесувајте запаливи течнос ти, гасови или
експлозивни материјали на исто место
со телефонот, неговите делови или опремата.
Намалување на ризикот од оштетувања
при движења кои се повторуваат
При испраќање на текстуални пораки или играње
иг ри на Вашиот телефон, држете го телефонот
лабаво, притискајте ги копчињата лесно, користете
специјални карактеристики кои го намалуваат бројот
на копчиња кои треба да ги притиснете (како што
се шаблони и готов текст) и често правете паузи.
Внимателно ракувајте со SIM картичките
и мемориските картички
Не вадете ја картичката додека телефонот
испраќа или прима информации, бидејќи тоа може
да предизвика губење на податоците и/или
оштетување на картичката или телефонот.
Заштитете ја картичката од силни удари, статички
електрицитет и електрични пречки од други уреди.
Честото запишување и бришење ќе го скрати
векот на траење на мемориските картички.
Не ги допирајте златно-обоените контакти
со прсти или метални предмети. Доколку
е валкана, избришете ја картичката со мека крпа.
Обезбедете пристап до службите за итна
помош
Повиците за итна помош од Вашиот телефон
можеби нема да бидат возможни во некои подрачја
или околности. Пред патување во оддалечени или
неразвиени подрачја, испланирајте алтернативна
метода за контакт со персонал од службите за итна
помош.
Информации за сертификатот Specic
Absorption Rate (SAR)
Вашиот телефон е во согласност со стандардите на
Европската унија (EU) кои го ограничуваат човековото
изложување на енергија на радио фреквенција (RF)
емитирана од радио и телекомуникациска опрема.
Овие стандарди ја спречуваат продажбата на мобилни
телефони кои го надминуваат максималното ниво на
изложеност (познато како Specic Absorption Rate или
SAR) од 2,0 вати по килограм телесно ткиво.
За време на тестирање, најголемата SAR вредност
забележана за овој модел беше 0,645 вати по
килограм. При нормално користење, точната SAR
вредност најверојатно ќе биде многу пониска, бидејќи
телефонот е дизајниран да емитува само RF енергија
која е потребна за праќање сигнали до најблиската
базна станица. Со автоматско емитување пониски
нивоа кога што е можно, телефонот го намалува
вкупното изложување на RF енергија.
Изјавата за усогласеност на задниот дел од ова
упатство ја покажува усогласеноста на телефонот
со Европската директива за радио и терминална
телекомуникациска опрема (R&TTE). За повеќе
информации околу SAR и други EU стандарди,
посетете ја мрежната страница на Samsung
мобилните телефони.
Правилно депонирање на овој производ
(Отпадна електрична и електронска опрема)
(Применливо во Европската унија и другите
европски земји со системи за одвојување на
отпадот)
Оваа ознака на производот, приборот или
литературата означува дека производот
и неговиот електронски прибор (на пр. полначот,
слушалките, USB кабелот) на крајот од нивниот
работен век не треба да се отстрануваат заедно со
останатиот отпад од домаќинството. За избегнување
на возможна штета врз околината или човечкото
здравје предизвикана со неконтролирано фрлање
отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од
другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате
заради унапредување на еколошки оправдано повторно
користење на материјалните ресурси.
Физичките лица можат да се обратат или во продавницата
каде што го купиле овој производ или во службите на
локалната самоуправа, за детали каде и како да
извршат рециклирање на производот на начин
безбеден по околината.
Деловните корисници можат да се обратат до својот
снабдувач и да ги проверат одредбите и условите
во договорот за набавка. Овој производ и неговиот
електронски прибор не треба да се мешаат со друг
комерцијален отпад.
Правилно отстранување на батериите од овој
производ
(Применливо во Европската унија и други
европски земји со засебни системи
за враќање батерии)
Оваа ознака на батеријата, во упатството
или на пакувањето означува дека
батериите од овој производ не треба да се отстранат
заедно со останатиот отпад од домаќинството
на крајот од нивниот работен век. Каде што
се означени, хемиските симболи Hg, Cd или Pb
означуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум
или олово над препорачаното ниво во Директивата
2006/66/EC. Ако батериите не се отстранат правилно,
овие супстанции можат да предизвикаат штета врз
човековото здравје или животната средина.
За заштита на природните ресурси и поддршка на
повторното користење на материјалните ресурси,
Ве молиме да ги одвоите батериите од останатиот
отпад и да ги рециклирате преку Вашиот локален,
бесплатен систем за враќање на батерии.
Безбедносни предупредувања
Чувајте го телефонот подалеку од дофат
на мали деца и домашни миленичиња
Чувајте го телефонот и целата опрема подалеку
од дофат на мали деца или животни. Малите делови
можат да предизвикаат задушување или сериозна
повреда доколку се проголтаат.
Заштитете го слухот
Прекумерна изложеност на гласни звуци
може да предизвика оштетување на
слухот. Секогаш намалете ја јачината на
тонот пред да ги вметнете слушалките во
извор на звук и користете ја минималната
поставка за јачина на тонот потребна за
слушање на разговорот или музиката.
Внимателно инсталирајте ги мобилните
телефони и опремата
Проверете дали мобилните телефони или соодветната
опрема кои се инсталирани на Вашето возило се добро
прицврстени. Избегнувајте поставување на Вашиот
телефон или опрема во близина или во просторот
на делување на воздушните перничиња. Непрописно
монтирана безжична опрема може да предизвика
сериозна повреда при нагло отворање на воздушните
перничиња.
Внимателно ракување и отстранување
на батериите и полначите
Користете само батерии и полначи одобрени
од Samsung специјално дизајнирани за Вашиот
мобилен телефон. Несоодветните батерии
и полначи можат да предизвикаат сериозни повреди
или оштетување на Вашиот мобилен телефон.
Никогаш не ги фрлајте батериите или телефонот
во оган. Следете ги сите локални регулативи при
фрлање на искористените батерии или телефон.
Никогаш не ги оставајте батериите или телефоните
на или во грејни тела, како што се микробранови
печки, печки или радијатори. Батериите можат
да експлодираат доколку се прегреат.
Никогаш не кршете ја или прободувајте
ја батеријата. Избегнувајте да ја изложувате
батеријата на висок надворешен притисок, кој може
да предизвика внатрешен краток спој и прегревање.
Избегнување пречки со пејсмејкери
Одржувајте растојание од најмалку 15 см помеѓу
мобилните телефони и пејсмејкерите за да избегнете
потенцијални пречки, како што е препорачано
од производителите и независната истражувачка
група, Wireless Technology Research. Доколку имате
било каква причина да се сомневате дека Вашиот
мобилен телефон предизвикува пречки на пејсмејкер
или друг медицински уред, исклучете го телефонот
веднаш и обратете се до производителот на
пејсмејкерот или медицинскиот уред за совет.
Почитувајте ги следните предупредувања за да избегнете опасни или недозволени
ситуации и обезбедите максимални перформанси на Вашиот мобилен телефон.
Printed in Korea
Code No.: GH68-27543A
Macedonian. 02/2011. Rev. 1.2
GT-E1080i
Мобилен телефон
упатство за употреба
Некои од содржините во ова упатство можат да се разликуваат
од Вашиот телефон во зависност од софтверот на телефонот
или Вашиот давател на услуга.
www.samsungmobile.com
Изјава за усогласеност (R&TTE)
Ние,
Samsung Electronics
изјавуваме под своја исклучива одговорност дека производот
GSM мобилен телефон: GT-E1080i
на којшто се однесува оваа изјава, е усогласен со следните стандарди и/ или
другите нормативни документи.
БЕЗБЕДНОСТ EN 60950-1 : 2006+A11:2009
EMC EN 301 489-01 V1.8.1 (04-2008)
EN 301 489-07 V1.3.1 (11-2005)
SAR EN 50360 : 2001
EN 62209-1 : 2006
RADIO EN 301 511 V9.0.2 (03- 2003)
Со ова изјавуваме дека [сите потребни радио тестови се извршени и дека]
горенаведениот продукт е во согласност со сите потребни побарувања
на Директивата 1999/5/EC.
Следена е постапката за утврдување на усогласеноста назначена во член 10
и детално опишана во Анексот [IV] на Директивата 1999/5/EC, со вклучување
на следните надлежни тела:
BABT, Forsyth House,
Churcheld Road,
Walton-on-Thames,
Surrey, KT12 2TD, UK*
Идентификациска ознака: 0168
Техничката документација се чува во:
Samsung Electronics QA Lab.
и е достапна на барање.
(Претставник во EУ)
Samsung Electronics Euro QA Lab.
Blackbushe Business Park, Saxony Way,
Yateley, Hampshire, GU46 6GG, UK*
2010.11.05 Joong-Hoon Choi / Lab Manager
(место и датум на изданието) (име и потпис на овластеното лице)
* Ова не е адреса на сервисниот центар на Samsung. За адресата или
телефонскиот број на сервисниот центар на Samsung, проверете ја
гаранцијата или обратете се во продавницата каде го купивте Вашиот
телефон.
Page view 0
1 2

Summary of Contents

Page 1 - Мобилен телефон

Информации за безбедноста и начинот на употреба Безбедносни мерки на претпазливостПостојано возете внимателноИзбегнувајте користење на Вашиот телефон

Page 2

Поставување и користење аларми За поставување нов аларм 1. Во режим на мени, изберете Аларми.2. Изберете празна локација за аларм.3. Поставете детал

Comments to this Manuals

No comments