Samsung GT-N5110 User Manual Page 31

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 120
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 30
Основни информации
31
Известувања
Иконите за известување се прикажуваат на статусната лента на горниот дел од екранот и
сигнализираат нови пораки, настани од календарот, статус на уредот и др. Повлечете ја надолу
статусната лента за да се отвори. Листајте низ списокот за преглед на дополнителни известувања.
За да го затворите панелот за известување, повлечете ја нагоре лентата што е на дното од приказот.
Од прозорецот со известувања, можете да го видите моменталниот статус на уредот и да ги
користите следите опции:
•
Wi-Fi
: Активирајте ја или деактивирајте ја Wi-Fi одликата.
•
GPS
: Активирајте ја или деактивирајте ја одликата за GPS.
•
Реж. за читање
: Активирајте го или деактивирајте го режимот за читање. Во режим за читање,
уредот помага во заштита на Вашите очи кога читате ноќе. За да изберете кои апликации ќе се
користат во него, допрете
Нагодувања
Екран
Режим за читање
.
•
Звук
: Активирајте го или деактивирајте го тивкиот режим. Можете да го наместите уредот да
вибрира или да ги исклучува сите звуци во тивок режим.
•
Вртење екран
: Дозволете или спречете приказот да се ротира кога го вртите уредот.
•
Bluetooth
: Активирајте ја или деактивирајте ја одликата Bluetooth.
•
Штедење на енергија
: Активирајте го или деактивирајте го режимот за штедење.
•
Режим за блок.
: Активирајте го или деактивирајте го режимот за блокирање. Во режим за
блокирање, уредот ќе ги блокира известувањата. За да изберете кои известувања да бидат
блокирани, допрете
Нагодувања
Режим за блокирање
.
•
Синхрон.
: Активирајте го или деактивирајте го автоматското синхронизирање апликации.
•
Повеќе прозорци
: Поставете да се користи Мулти-прозорецот.
Достапните опции може да се разликуваат во зависност од регионот или операторот.
Page view 30
1 2 ... 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 ... 119 120

Comments to this Manuals

No comments