Samsung GT-N8000 User Manual Page 35

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 127
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 34
Основни информации
35
Известувања
Иконите за известување се прикажуваат на статусната лента на горниот дел од екранот и
сигнализираат пропуштени повици, нови пораки, настани од календарот, статус на уредот и
др. Повлечете ја надолу статусната лента за да се отвори. Листајте низ списокот за преглед на
дополнителни известувања. За да го затворите панелот за известување, повлечете ја нагоре
лентата што е на дното од приказот.
Од панелот за известување , може да ги прегледувате тековните поставки на уредот.
Повлечете ја надолу статусната лента и допрете на
за да ги користите следниве опции:
•
Wi-Fi
: Активирајте ја или деактивирајте ја одликата Wi-Fi.
•
Локација
: Активирајте ја или деактивирајте ја одликата за GPS.
•
Звук
: Активирајте го или деактивирајте го тивкиот режим. Можете да го наместите
уредот да вибрира или да ги исклучува сите звуци во тивок режим.
•
Вртење екран
: Дозволете или спречете приказот да се ротира кога го вртите уредот.
•
Bluetooth
: Активирајте ја или деактивирајте ја одликата Bluetooth.
•
Мобилни податоци
: Активирајте ја или деактивирајте ја податочната врска.
•
Повеќе прозорци
: Поставете уредот да користи Повеќе прозорци.
•
Мобилен хотспот
: Активирајте ја или деактивирајте ја одликата за споделување Wi-Fi.
•
Screen Mirroring
: Активирајте ја или деактивирајте ја одликата за рефлексија на екранот.
•
Синхрон.
: Активирајте ја или деактивирајте ја автоматската синхронизација на
апликациите.
•
Паметно мирув.
: Активирајте ја или деактивирајте ја одликата за паметно мирување.
•
Штедење енергија
: Активирајте го или деактивирајте го режимот за штедење енергија.
•
Режим за блок.
: Активирајте го или деактивирајте го режимот за блокирање. Во режим
за блокирање, уредот ќе ги блокира известувањата. Допрете
Нагодувања
Режим за
блокирање
за да изберете кои известувања ќе се блокираат.
•
Режим за летало
: Активирајте го или деактивирајте го режимот за летање.
•
Режим без раце
: Активирање или деактивирање на режимот „Без употреба на раце“.
Достапните опции може да се разликуваат во зависност од регионот или операторот.
За да ги прераспоредите опциите во панелот за известувања, отворете го панелот за
известувања, допрете
, допрете и задржете ставка и потоа одвлечете ја на друга
локација.
Page view 34
1 2 ... 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 ... 126 127

Comments to this Manuals

No comments