Samsung GT-S5280 User Manual Page 92

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 97
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 91
92
Решавање проблеми
Кога ќе го вклучите Вашиот уред или додека го користите, уредот бара
да се внесе еден од следниве кодови:
•
Лозинка: Кога е овозможено заклучувањето на уредот, Вие ќе мора да ја внесете лозинката
што сте ја поставиле на уредот.
•
PIN: Мора да го внесете ПИН-кодот што се доставува со СИМ-картичката кога го користите
уредот за првпат или кога е овозможено барањето за ПИН-код. Можете да ја деактивирате
оваа одлика преку менито Заклучување на СИМ-картичка.
•
PUK: СИМ-картичката е блокирана, најчесто како резултат на внесување погрешен ПИН-код
неколку пати. Мора да го внесете ПУК-кодот испорачан од Вашиот оператор.
•
PIN2: Кога пристапувате до мени за кое е потребен ПИН-код2, мора да внесете ПИН2 што се
доставува со СИМ-картичката. За подетални информации, контактирајте го Вашиот оператор.
Вашиот уред прикажува пораки за грешка во мрежата или услугата
•
Кога сте во подрачја со слаб сигнал или лош прием, може да изгубите прием. Преместете се во
друго подрачје и обидете се повторно.
•
Не можете да пристапите до некои од опциите без претплата. Контактирајте го Вашиот
оператор за повеќе информации.
Екранот чувствителен на допир реагира бавно или неправилно
Ако Вашиот уред има екран чувствителен на допир и екранот чувствителен на допир не реагира
правилно, обидете се со следново:
•
Отстранете ги сите заштитни облоги од екранот чувствителен на допир. Заштитните облоги
може да спречат уредот да препознава што внесувате и не се препорачуваат за уреди со екран
чувствителен на допир.
•
Осигурете се дека Вашите раце се чисти и суви кога го допирате екранот чувствителен на
допир.
•
Рестартирајте го Вашиот уред за да се исчистат сите евентуални софтверски грешки.
•
Осигурете се дека софтверот на Вашиот уред е надграден со најновата верзија.
•
Доколку екранот чувствителен на допир е изгребан или оштетен, однесете го во Вашиот
локален сервисен центар на Samsung.
Page view 91
1 2 ... 87 88 89 90 91 92 93 94 95 96 97

Comments to this Manuals

No comments