Samsung GT-P5200 User Manual Page 110

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 112
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 109
Решавање проблеми
110
Се појавуваат пораки за грешка кога се стартува камерата
Вашиот уред Samsung мора да има доволна количина слободна меморија и енергија на батеријата
за да работи апликацијата за камерата. Ако добивате пораки за грешка кога ја стартувате камерата,
обидете се со следново:
•
Наполнете ја батеријата или заменете ја со батерија што е целосно наполнета.
•
Ослободете меморија со префрлање на некои од фајловите на компјутер или нивно бришење
од уредот.
•
Рестартирајте го уредот. Ако сè уште имате проблеми со апликацијата за камерата по
направените обиди со претходните совети, контактирајте го сервисниот центар на Samsung.
Се појавуваат пораки за грешка при отворање музички фајлови
Некои музички фајлови нема да се емитуваат на Вашиот уред Samsung поради различни причини.
Ако добивате пораки за грешка кога отворате музички фајлови на Вашиот уред, обидете се со
следново:
•
Ослободете меморија со префрлање на некои од фајловите на компјутер или нивно бришење
од уредот.
•
Осигурете се дека музичкиот фајл не е заштитен со DRM (Управување со дигитални права).
Ако фајлот е заштитен со DRM, осигурете се дека ја имате соодветната лиценца или шифра за
емитување на фајлот.
•
Осигурете се дека Вашиот уред го поддржува видот фајл.
Другиот уред со Bluetooth не може да се лоцира
•
Осигурете се дека безжичната одлика Bluetooth е активирана на Вашиот уред.
•
Осигурете се дека безжичната одлика Bluetooth е активирана на уредот на кој сакате да се
поврзите, ако е потребно.
•
Осигурете се дека Вашиот уред и другиот уред со Bluetooth се во Bluetooth опсег (10 m).
Ако со горните совети не се реши проблемот, контактирајте сервисен центар на Samsung.
Page view 109
1 2 ... 105 106 107 108 109 110 111 112

Comments to this Manuals

No comments