Samsung SM-G800F User Manual Page 193

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 196
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 192
Решавање проблеми
193
Вашиот уред е презагреан при допир
Кога користите апликации што бараат повеќе енергија или користите апликации на уредот
подолго време, Вашиот уред може да биде презагреан при допир. Ова е вообичаена појава
и не би требало да влијае врз животниот век или функционирањето на уредот.
Се појавуваат пораки за грешка кога се стартува камерата
Вашиот уред мора да има доволно количина слободна меморија и енергија на батеријата
за да работи апликацијата за камерата. Ако добивате пораки за грешка кога ја стартувате
камерата, обидете се со следново:
•
Наполнете ја батеријата или заменете ја со батерија што е целосно наполнета.
•
Ослободете меморија со префрлување на некои од фајловите на компјутер или нивно
бришење од уредот.
•
Рестартирајте го уредот. Ако сѐ уште имате проблеми со апликацијата за камерата по
обидите со овие совети, контактирајте со сервисен центар на Samsung.
Квалитетот на фотографиите е понизок од оној на прегледот
•
Квалитетот на Вашите фотографии може да се разликува во зависност од околината и
фотографските техники што ги користите.
•
Ако фотографирате во темни области, ноќе или во затворена просторија, може да се
јават пречки на сликата или сликите може да бидат вон фокус.
Се појавуваат пораки за грешка при отворање мултимедијални
фајлови
Ако добивате пораки за грешка или мултимедијалните фајлови не се емитуваат кога ги
отворате на Вашиот уред, обидете се со следново:
•
Ослободете меморија со префрлување на некои од фајловите на компјутер или нивно
бришење од уредот.
•
Осигурете се дека музичкиот фајл не е заштитен со DRM (Управување со дигитални
права). Ако фајлот е заштитен со DRM, обезбедете дека ја имате соодветната лиценца
или клуч за емитување на фајлот.
•
Осигурете се дека уредот ги поддржува форматите на фајлови. Ако некој формат на
фајл не е поддржан, како на пример DivX или AC3, инсталирајте една апликација што го
поддржува. За да ги потврдите форматите на фајлови што ги поддржува Вашиот уред,
посетете ја www.samsung.com.
Page view 192
1 2 ... 188 189 190 191 192 193 194 195 196

Comments to this Manuals

No comments