Управувач со уред и податоци
120
Поврзување со Samsung Kies
Samsung Kies е компјутерска апликација што управува со медиумските содржини и личните
податоци со уреди Samsung. Преземете ја најновата Samsung Kies од интернет-страницата на
Samsung.
1
Поврзете го уредот со компјутер со USB кабел.
Samsung Kies автоматски се стартува на компјутерот. Ако Samsung Kies не стартува
автоматски, кликнете двојно на иконата на Samsung Kies на Вашиот компјутер.
2
Префрлајте фајлови помеѓу Вашиот уред и компјутерот.
Повеќе информации за помош побарајте во информациите за Samsung Kies.
Правење резервна копија и обновување
податоци
Чувајте ги безбедни Вашите лични информации, податоци од апликации и нагодувања на
уредот. Можете да направите резервна копија од Вашите чувствителни информации на
сметка за резервни копии и да пристапувате до неа подоцна.
Користење сметка Google
1
Допрете
Поставувања
на екранот со апликации.
2
Допрете на
ОПШТО
→
Резервна копија и ресетирање
→
Рез. копија на податоци
и
потоа допрете на прекинувачот за да го активирате.
3
Допрете
Сметка за резервна копија
и изберете една сметка како сметка за резервни
копии.
За да обновите податоци, најавете се на Вашата сметка на Google преку волшебникот
за поставување. Можете да го стартувате и отворите волшебникот со изведба на
ресетирање на уредот на фабрички вредности. Ако се најавите на Вашата сметка
на Google преку волшебникот за поставување, нема да можете да ги обновите
податоците од резервната копија.
Comments to this Manuals