Printed in Korea
GH68-36430T
Macedonian. 11/2012. Rev. 1.1
GT-C3310
Мобилен телефон
Упатство за корисникот
Некои од содржините во ова упатство може да се разликуваат •
од вашиот телефон во зависност од софтверот на телефонот
или од вашиот давател на услуга.
Услугите на трети страни можат да бидат укинати или прекинати
•
во кое и да е време и Samsung не дава никакви изјави или
гаранции дека која било содржина или услуга ќе биде достапна
во кој било временски период.
Овој производ вклучува определен бесплатен или софтвер со
•
отворен код. Точните услови на дозволите, оградувањата од
одговорност, писмените потврди и забелешките се достапни на
веб-страницата на Samsung на opensource.samsung.com.
Безбедносни мерки на претпазливост
За да спречите повреди на Вас и на другите или оштетување на Вашиот уред, прочитaјте ги следниве информации пред да започнете со употребата на Вашиот уред.
Не го користете Вашиот уред на бензински станици, во близина на •
горива или хемикалии и во експлозивни области.
Не чувајте и не пренесувајте запаливи течности, гасови или •
експлозивни материјали во истиот простор каде се наоѓа уредот,
неговите делови или дополнителниот прибор.
Исклучете го уредот кога сте во авион
Користењето на Вашиот уред во авион е незаконски. Вашиот уред
може да предизвика пречки во работата на електронските инструменти
за навигација во авионот.
Поради радио фреквенцијата од Вашиот уред,
електронските уреди во моторното возило може да имаат
дефект
Поради радио фреквенцијата од Вашиот уред, електронските уреди
во Вашиот автомобил може да имаат дефект. Контактирајте го
произведувачот за повеќе информации.
Придржувајте се кон сите безбедносни
предупредувања и прописи коишто се
однесуваат на употребата на Вашиот уред
додека возите
Додека возите, Вашата прва одговорност е безбедното управување
со возилото. Никогаш не користете го Вашиот уред додека возите, ако
тоа е забрането со закон. За Вашата безбедност и за безбедноста на
другите, бидете совесни и запомнете ги следниве совети:
Користете hands-free уред.•
Запознајте се со Вашиот уред и со неговите погодни функции, како •
што се брзо бирање и повторно бирање. Овие функции Ви помагаат
да го намалите времето потребно за остварување или за примање
повици на Вашиот мобилен уред.
Поставете го Вашиот уред да биде лесно достапен. Бидете во •
можност да пристапите до Вашиот безжичен уред без да ги
тргнете очите од патот. Ако добиете повик во несоодветно време,
препуштете и на гласовната пошта да одговори наместо Вас.
Посочете му на лицето со кое разговарате дека возите. Откажете ги •
повиците во густ сообраќај или во опасни временски услови. Дожд,
лапавица, снег, мраз и густ сообраќај може да бидат опасни.
www.sartick.com
Овој производ ги исполнува
применливите национални граници
на SAR од 2,0 W/kg. Специфичните
максимални вредности на SAR
можат да се најдат во поглавјето
од ова упатство за Информации
за SAR (Specific Absorption Rate)
сертификатот.
Кога го носите производот или
го користите додека го носите
на Вашето тело, или користете
одобрена дополнителна опрема
како футрола, или во спротивно
одржувајте растојание од
1,5 cm од телото за да осигурате
придржување до прописите за
изложување на радио-фреквенција.
Имајте на ум дека производот
може да емитува дури и кога не
воспоставувате телефонски повик.
Предупредување: Спречете електричен шок,
пожар и експлозија
Не употребувајте повеќекратни приклучоци, продолжни
кабли или лабави приклучоци
Не допирајте го приклучниот кабел со мокри раце и не
исклучувајте го полначот со влечење на кабелот
Не превиткувајте и не оштетувајте го приклучниот кабел
Не користете го Вашиот уред додека се полни и не допирајте
го уредот со мокри раце
Внимавајте да не дојде до краток спој на полначот или на
батеријата
Не испуштајте го и не предизвикувајте удари на полначот
или на батеријата
Не полнете ја батеријата со полначи коишто не се одобрени
од произведувачот
Не го користете Вашиот уред за време на грмотевици
Вашиот уред може да се расипе па ризикот од електричен удар е
зголемен.
Не употребувајте оштетена или Литиум јонска (Li-Ion)
батерија што истекува
За безбедно исфрлање на Вашите Li-Ion батерии контактирајте го
Вашиот најблизок овластен сервисен центар.
Внимателно ракувајте и отстранувајте ги батериите и
полначите
Користете само батерии одобрени од Samsung и полначи кои се •
специјално направени за Вашиот уред. Некомпатибилни батерии и
полначи можат да предизвикаат сериозни повреди или оштетување
на Вашиот уред.
Батериите или уредите никогаш не фрлајте ги во оган. Следете ги •
сите локални прописи при отстранување на искористените батерии
или уреди.
Никогаш не ги оставајте батериите или уредите на или во грејни •
уреди, како што се микробранови печки, шпорети или радијатори.
При преголема загреаност, батериите можат да експлодираат.
Никогаш не кршете ги и не продупчувајте ги батериите. Избегнувајте •
изложување на батериите на висок надворешен притисок, што може
да доведе до внатрешен краток спој или преголема загреаност.
Заштитете ги уредот, батериите и полначите од оштетување
Избегнувајте изложување на Вашиот уред и на батериите на многу •
ниски или многу високи температури.
Екстремните температури можат да предизвикаат деформација на •
уредот и да го намалат капацитетот на полнење и векот на траење на
уредот и батериите.
Заштитете ги батериите од контакт со метални предмети, затоа •
што тоа може да предизвика краток спој помеѓу + и – половите
на батериите и води кон привремено или трајно оштетување на
батеријата.
Никогаш не користете оштетен полнач или батерија.•
Внимание: Следете ги сите безбедносни
предупредувања и прописи кога го користите
Вашиот уред на места каде е ограничена
нивната употреба
Исклучете го уредот кога е забранета неговата употреба
Придржувајте се кон сите прописи кои го ограничуваат користењето на
мобилниот уред во одредено подрачје.
Не користете го уредот во близина на други електронски уреди
Повеќето електронски уреди користат радио фреквентни сигнали.
Вашиот уред може да предизвика пречки во работата на другите
електронски уреди.
Не користете го уредот во близина на пејсмејкер
Ако е можно, избегнувајте користење на Вашиот уред во близина од •
15 см до пејсмејкер, затоа што уредот може да предизвика пречки во
работата на пејсмејкерот.
Ако морате да го користите уредот, бидете оддалечени барем 15 см •
од пејсмејкерот.
За да го минимизирате мешањето во работата на пејсмејкерот, •
користете го уредот на спротивната страна на Вашето тело од
пејсмејкерот.
Не користете го уредот во болница или во близина на
медицинска опрема затоа што може да предизвика пречки во
нивната радио фреквенција
Ако користите некоја медицинска опрема, контактирајте го
произведувачот на опремата за бидете сигурни дека радио
фреквенцијата нема да влијае на работата на опремата.
Ако користите апаратче за слушање, контактирајте го
произведувачот за информации околу радио пречките
Некои апаратчиња за слушање можат да бидат попречени од радио
фреквенцијата на Вашиот уред. Контактирајте го произведувачот за да
се уверите во безбедноста на Вашето апаратче за слушање.
Исклучете го уредот во потенцијално експлозивни
опкружувања
Наместо да ја отстраните батеријата, исклучете го уредот во •
потенцијално експлозивни опкружувања.
Во потенцијално експлозивните опкружувања секогаш придржувајте •
се кон прописите, упатствата и знаците.
Не пишувајте белешки и не барајте телефонски броеви. Пишување •
на листата со задачи или листањето по Вашиот адресар го одзема
Вашето внимание од Вашата примарна одговорност за безбедност
при возењето.
Бирајте разумно и пристапете во сообраќајот. Повикувајте кога не •
сте во движење или пред да се вклучите во сообраќајот. Обидете се
да ги планирате Вашите повици кога не сте во движење. Ако морате
да остварите повик, изберете само неколку цифри, проверете го
патот и огледалата на автомобилот и потоа продолжете.
Не вклучувајте се во стресни или чувствителни разговори кои можат •
да го оттргнат Вашето внимание. Посочете им на лицата со коишто
разговарате дека возите и прекинете ги разговорите кои што можат
да го оттргнат Вашето внимание на патот.
Користете го Вашиот уред за да повикате помош. Изберете ги •
локалните итни броеви во случај на пожар, сообраќајна несреќа или
медицински итни случаи.
Користете го Вашиот уред за да им помогнете на другите во итни •
случаи. Ако видите сообраќајна несреќа, злочин што е во тек или
сериозен итен случај каде се загрозени животи, повикајте некој
локален број за итни случаи.
Повикајте број за помош на патот или друг број за помош, не за итни •
случаи, кога тоа е потребно. Ако видите расипано возило коешто не
претставува сериозна опасност, скршен сообраќаен знак, помала
сообраќајна несреќа во која никој не е повреден или возило за
коешто знаете дека е украдено, повикајте број за помош на патот
или друг број за помош, не за итни случаи.
Соодветна грижа за мобилниот уред и негова
употреба
Уредот мора секогаш да биде сув
Влажноста и другите видови на течности може да ги оштетат •
деловите на уредот или електронските кола.
Не го вклучувајте Вашиот уред додека е мокар. Ако уредот веќе е •
вклучен, исклучете го и извадете ја батеријата веднаш (ако уредот
не може да се исклучи или не можете да ја извадите батеријата,
оставете го како што е). Потоа, исушете го уредот со крпа и
однесете го во сервисен центар.
Течностите ќе ја променат бојата на ознаката што означува •
оштетување предизвикано од вода. Оштетувањата предизвикани од
вода ја поништуваат гаранцијата на производителот.
Не користете го и не чувајте го уредот во прашливи, нечисти
подрачја
Правот може да предизвика дефект на Вашиот уред.
Не го поставувајте уредот на нестабилно место
Ако уредот падне, може да се оштети.
Не го чувајте уредот на места со висока или со ниска
температура. Користете го уредот на температури од -20° C
до 50° C
Уредот може да експлодира ако е оставен во затворено возило ако •
внатрешната температура достигне 80° C.
Не изложувајте го уредот на директна сончева светлина за подолг •
временски период (како што е контролната табла на автомобилот).
Чувајте ја батеријата на температури од 0° C до 40° C.•
Не чувајте го уредот со метални предмети како парички,
клучеви или ѓердани
Уредот може да биде деформиран или да претрпи дефект.•
Ако краевите на батеријата дојдат во контакт со метални предмети •
може да предизвикаат пожар.
Не чувајте го Вашиот уред во близина на магнетни полиња
Вашиот уред може да се оштети или батеријата може да се испразни •
од изложувањето на магнетни полиња.
Магнетните картички, вклучувајќи ги кредитните картички, •
телефонските картички, штедните книшки и картичките за интернат
можат да бидат оштетени од магнетните полиња.
Не користете футроли или дополнителен прибор со магнетски •
затворачи или не дозволувајте Вашиот уред да биде во контакт со
магнетски полиња подолг временски период.
Не чувајте го уредот во близина или во грејачи,
микробранови печки, опрема за готвење или контејнери со
висок притисок
Батеријата може да истече.•
Уредот може да се прегрее и да предизвика пожар.•
Не испуштајте го уредот и не предизвикувајте удари на
уредот
Екранот на уредот може да биде оштетен.•
Ако е искривен или деформиран, Вашиот уред може да биде оштетен •
и некои делови може да не функционираат.
Не употребувајте го Вашиот уред и апликации одредено
време ако уредот е премногу загреан
Продолжена изложеност на вашата кожа на презагреан уред може
да предизвика симптоми на мала изгореност, како црвени точки или
депигментација на кожата.
Доколку Вашиот уред е опремен со блиц-светло или ламба,
не користете го светлото блиску до очите на луѓето или
миленичињата
Користењето на блицот во близина на очите може да предизвика
привремено губење на видот или оштетување на очите.
Ракувајте внимателно кога сте изложени на трепкачки светла
Додека го користите уредот, оставете некои од светлата во собата •
вклучени и не држете го екранот премногу блиску до Вашите очи.
Може да дојде до напади или бессознание кога сте изложени на •
трепкачки светла додека гледате видео или играте флеш игри подолг
период. Ако се чувствувате неудобно, престанете со користење на
уредот веднаш.
Намалете го ризикот од повреди поради повторувачки
движења
Кога повторувате одредени движења, на пр., притискање копчиња,
цртање знаци на екран чувствителен на допир со прстите или играње
игри, може да почувствувате повремена неудобност во Вашите раце,
врат, рамења или други делови од Вашето тело. Кога го користите
Вашиот уред подолги периоди, држете го уредот релаксирано,
притискајте лесно на копчињата и правете повремени паузи. Ако и
понатаму чувствувате неудобност додека го користите уредот или после
тоа, престанете со користењето и посетете го Вашиот лекар.
Обезбедете максимален век на траење на батеријата и
полначот
Избегнувајте полнење на батериите повеќе од една седмица, бидејќи •
преполнувањето може да го скрати векот на траење на батеријата.
Со тек на време, батериите кои не се користат ќе се испразнат и мора •
да бидат повторно наполнети пред користење.
Исклучете ги полначите од струја кога не се користат.•
Користете ги батериите само за целта за која се наменети.•
Користете батерии, полначи, додатоци и делови одобрени од
произведувачот
Користењето на генерички батерии или полначи може да го скрати •
векот на Вашиот уред или да предизвика дефект.
Samsung не може да биде одговорен за безбедноста на корисникот •
кога употребува додатоци или делови коишто не се одобрени од
Samsung.
Не гризете го и не го изложувајте уредот на механички удари
Тоа може да го оштети уредот или да предизвика експлозија.•
Ако уредот го користат деца, уверете се дека правилно го користат.•
Кога разговарате на уредот:
Држете го уредот исправено, исто како и обичниот телефон.•
Зборувајте директно во микрофонот.•
Избегнувајте контакт со внатрешната антена на уредот. Допирањето •
на антената може да го намали квалитетот на повикот и да
предизвика уредот да емитува повеќе радио фреквенција од
потребното.
Не го обојувајте уредот и не ставајте лепенки врз него
Бојата и лепенките можат да ги заглават подвижните делови и да
го спречат правилното работење. Ако сте алергични на боја или на
металните делови од производот, може да почувствувате чешање,
егзема, потење на кожата. Кога тоа ќе се случи, престанете со
користење на производот и консултирајте го Вашиот лекар.
Кога го чистите Вашиот уред:
Избришете го уредот или полначот со крпа или со гума.•
Исчистете ги краевите на батеријата со памучно стапче или со крпа.•
Не користете хемикалии или детергенти.•
Уредот не се користи доколку екранот е оштетен или
искршен
Скршено стакло или акрил може да ги повреди Вашите раце и лице.
Однесете го уредот во сервисниот центар на Samsung за да биде
поправен.
Користете го уредот само за неговата наменета употреба
Избегнувајте да ги вознемирувате другите кога го користите
уредот во јавност
Не дозволувајте деца да го користат Вашиот уред
Вашиот уред не е играчка. Не дозволувајте им на децата да си играат
со него затоа што може да се повредат и да ги повредат другите, да
го оштетат уредот или да остварат повици и да ги зголемат Вашите
трошоци.
Инсталирајте го мобилниот уред и опремата со внимание
Проверете дали сите мобилни уреди или соодветната опрема •
инсталирана во Вашето возило се безбедно вградени.
Избегнувајте поставување на Вашиот уред и дополнителен прибор •
во близина или во просторот во кој се активира воздушното
перниче. Неправилно инсталирана безжична опрема може да
предизвика сериозна повреда кога воздушните перничиња нагло
се надувуваат.
Дозволете само квалификувани лица да го сервисираат
Вашиот уред
Дозволувањето на неквалификувани лица да го сервисираат Вашиот
уред може да предизвика оштетување, а со тоа и поништување на
Вашата гаранција од произведувачот.
Внатрешна
антена
Заштитете ги Вашиот слух и уши кога користите слушалки
Слушањето со висока јачина на тонот може да му •
наштети на Вашиот слух.
Слушањето со висока јачина на тонот може да го •
оттргне Вашето внимание и да предизвика несреќа.
Секогаш намалувајте ја јачината на тонот пред да ги •
вклучите слушалките во изворот на звук и користете
го само нагодувањето за јачина на минимум,
потребно да го слушате Вашиот разговор или музика.
Во суви средини, статичкиот електрицитет може да •
се појави во слушалките. Избегнувајте користење
слушалки во суви средини или допрете метален
предмет за да го испразните статичкиот електрицитет
пред да ги поврзите слушалките во уредот.
Бидете внимателни кога го користите уредот при пешачење
или кога сте во движење
Секогаш бидете свесни за Вашето опкружување за да избегнете
повреди на Вас и на другите.
Не носете го уредот во задните џебови или околу половината
Ако паднете, можете да се повредите или да го оштетите уредот.
Не расклопувајте, менувајте и не поправајте го Вашиот уред
Какви било промени или изменувања може ја поништуваат •
гаранцијата на производителот. За сервисирање, однесете го уредот
во некој Samsung сервисен центар.
Не расклопувајте и не дупчете ја батеријата затоа што тоа може да •
предизвика експлозија или пожар.
Внимателно ракувајте со SIM картичките и со мемориските
картички
Не отстранувајте картичка кога уредот пренесува или прима •
информации, бидејќи тоа може да предизвика губење на
податоците и/или оштетување на картичката или уредот.
Заштитете ги картичките од силни удари, статички електрицитет и •
електрични пречки од другите уреди.
Не ги допирајте златно обоените контакти или полови со прсти или •
метални предмети. Доколку не е чиста, пребришете ја картичката
со мека крпа.
Обезбедете пристап до услугите за итни случаи
Повиците за итни случаи од Вашиот уред можеби нема да бидат
возможни во некои подрачја или околности. Пред патување во
оддалечени или неразвиени подрачја, испланирајте резервна метода
за контакт со персоналот задолжен за итни повици.
Чувајте ги на сигурно Вашите лични и важни податоци
При користење на уредот, уверете се дека ќе направите резервна •
копија на Вашите важни податоци. Samsung не е одговорен за
губење на податоци.
Кога сакате да го фрлите Вашиот уред, направете резервна копија •
од Вашите податоци, потоа ресетирајте го Вашиот уред за да
спречите погрешна употреба на Вашите лични податоци.
Внимателно прочитајте го приказот со овластувања кога преземате •
апликации. Особено бидете претпазливи со апликации кои имаат
пристап до многу функции или до значајна количина на Вашите
лични податоци.
Редовно проверувајте ги Вашите сметки за неовластена или •
сомнителна употреба. Ако најдете каков било знак на злоупотреба
на Вашите лични податоци, контактирајте го Вашиот оператор да ги
избрише или промени Вашите податоци за сметката.
Во случај уредот да го изгубите или да Ви биде украден, променете ги •
лозинките на Вашите сметки за заштита на Вашите лични податоци.
Избегнувајте да користите апликации од непознати извори и •
заклучувајте го Вашиот уред со шара, лозинка или PIN.
Не распространувајте материјали со заштитени авторски
права
Не распространувајте материјали со заштитени авторски права кои
сте ги снимиле на други без дозвола од сопствениците на содржината.
Правејќи го тоа може да доведе до прекршување на законите за
авторски права. Производителот не е одговорен за било какви правни
прашања предизвикани од илегалната употреба на материјали со
заштитени авторски права.
Информации за SAR (Specific Absorption Rate)
сертификатот
ОВОЈ УРЕД ГИ ИСПОЛНУВА СИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ПРАВИЛА
ЗА ИЗЛОЖЕНОСТ НА РАДИО БРАНОВИ
Вашиот мобилен уред емитува и прима радио бранови. Дизајниран е
така што нема да дозволи надминување на границите за изложеност
на радио бранови (радио-фреквентни електромагнетни полиња)
препорачани од меѓународните правила. Правилата беа развиени
од страна на независна научна организација (ICNIRP) и вклучуваат
суштинска маргина на безбедност дизајнирана за да осигура безбедност
на сите лица, без разлика на возраста и здравјето.
Правилата за изложеност на радио бранови користат единица мерка
позната како Специфична стапка на апсорпција (Specific Absorption Rate)
или SAR. Границата на SAR за мобилни уреди е 2,0 W/kg.
Тестовите за SAR се спроведуваат користејќи стандардни оперативни
положби според кои уредот емитува на своето највисоко сертифицирано
ниво на моќност во сите тестирани опфати на фреквенција. Највисоките
SAR вредности според правилата на ICNIRP за овој модел на уред се:
Максимум SAR за овој модел и услови според кои бил регистриран
Главен SAR 0,881 W/kg
SAR при носење на тело 0,416 W/kg
При употреба, фактичките SAR вредности за овој уред се обично многу
под вредностите наведени погоре. Тоа е бидејќи, заради системска
ефикасност и за минимизирање на пречките во мрежата, оперативната
моќност на Вашиот мобилен уред автоматски се намалува кога не е
потребна полна моќност за повикот. Колку е пониска излезната моќност
на уредот, толку е помала SAR вредноста. Врз овој уред, направен е
тест за SAR при носење на тело со одобрен дополнителен прибор или
на растојание од 1,5 cm. За да ги постигне упатствата за изложеност на
RF за време на носењето на тело, уредот мора да се користи со одобрен
дополнителен прибор или да е поставен на најмалку 1,5 cm растојание од
телото. Доколку користите неодобрен дополнителен прибор, осигурете се
дека приборот не содржи метални компоненти и дека уредот е поставен
на 1,5 cm растојание од телото. Организации, како Светската здравствена
организација и Управата за храна и лекови на САД, предлагаат ако
луѓето се загрижени и сакаат да ја намалат нивната изложеност, можат
да користат дополнителна опрема за разговор со „слободни раце“ за
да го држат безжичниот уред подалеку од главата и телото за време на
неговата употреба или да го намалат времето поминато во користење
на уредот. За повеќе информации, посетете www.samsung.com/sar и
побарајте го Вашиот уред со пребарување на неговиот број на модел.
Правилно депонирање на овој производ
(Отпадна електрична и електронска опрема)
(Применливо во Европската Унија и другите Европски земји со
системи за одвојување на отпадот)
Оваа ознака на производот, приборот или литературата
означува дека производот и неговиот електронски прибор (на
пр. полначот, слушалките, USB кабелот) на крајот од нивниот
работен век не треба да се отстрануваат заедно со останатиот
отпад од домаќинството. За избегнување на можни штети врз
околината или човечкото здравје предизвикани со неконтролирано фрлање
отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и
одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано
повторно користење на материјалните ресурси.
Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го
купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали
каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по
околината. Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач
и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој
производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг
комерцијален отпад.
Правилно отстранување на батериите од овој
производ
(Применливо во Европската Унија и други европски земји со
засебни системи за враќање батерии)
Оваа ознака на батеријата, во упатството или на пакувањето
означува дека батериите од овој производ не треба да се
отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на
крајот од нивниот работен век. Каде што се означени, хемиските симболи
Hg, Cd или Pb означуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово
над препорачаното ниво во Директивата 2006/66/EC. Ако батериите не се
отстранат правилно, овие супстанции можат да предизвикаат штета врз
човековото здравје или животната средина.
За заштита на природните ресурси и поддршка на повторното користење на
материјалните ресурси, Ве молиме да ги одвоите батериите од останатиот
отпад и да ги рециклирате преку Вашиот локален, бесплатен систем за
враќање на батерии.
www.samsung.com
Изглед на телефонот
1
Копче за јачина на тон
Прилагодете ја јачината
на звукот на телефонот
во режим на мирување;
Упатување лажен повик
(надолу); Праќање SOS
порака
Видете „Упатување лажни
повици“
Видете „Активирање и
испраќање SOS-порака“
2
Копче за бирање
Остварете или одговорете
на повик; Во режим на
мирување, погледнете
ги записите на вашите
повици и пораки
3
Копче за назад
Во менијата, за вратете
се на претходното
ниво Промена на
мрежата(држете
притиснато)
4
Копче за заклучување
За заклучување на
допирниот екран
и копчињата; За
отклучување на допирниот
екран и копчињата
(држете притиснато)
5
Копче за вклучување
и исклучување/
прекинување
Вклучување или
исклучување на
телефонот (држете
притиснато); Прекинување
на повик; Во менијата,
за откажување на
внесувањето податоци
и враќање во режим на
мирување
1
5
4
3
2
Comments to this Manuals