Почнуваме
17
Заклучување и отклучување на уредот
Кога не е во употреба, заклучете го уредот за да спречите несакани операции. Со
притискање на копчето за вклучување/ресетирање/исклучување се исклучува екранот
и уредот се става во заклучен режим. Уредот се заклучува автоматски ако не се користи
одреден период.
За да го отклучите уредот, притиснете го копчето за вклучување/ресетирање/исклучување
или копчето Дома кога екранот на допир е исклучен, допрете каде било на екранот и потоа
благо лизгајте со прстот во која било насока.
Прилагодување на јачината на тонот
Притиснете го копчето за јачина на звук налево или надесно за прилагодување на јачината
на тонот на ѕвонење, или за да ја прилагодите јачината на звукот кога репродуцирате музика
или видео-запис.
Префрлување во тивок режим
Користете еден од следниве методи:
•
Држете го притиснато копчето за јачина на звук налево додека не се префрли во тивок
режим.
•
Држете го притиснато копчето за вклучување/ресетирање/исклучување и потоа допрете
Исклучи звук
или
Вибрации
.
•
Отворете го панелот за известување на горниот дел од екранот и потоа допрете
Звук
или
Вибрации
.
Comments to this Manuals