Поврзување со други уреди
104
Спојување со други уреди со Bluetooth
1
На екранот со апликации, допрете
Поставувања
→
КОНЕКЦИИ
→
Bluetooth
, и потоа
повлечете го копчето
Bluetooth
надесно и потоа допрете
СКЕНИРАЈ
.
Детектираните уреди се наведени во список.
За да го поставите уредот да биде видлив за други уреди, допрете го името на уредот.
2
Изберете уред за спојување.
Ако уредот со кој сакате да се споите не се наоѓа во списокот, побарајте уредот да ја
вклучи опцијата за видливост.
3
За да потврдите, прифатете го барањето за авторизација на Bluetooth на обата уреда.
Примање и праќање податоци
Многу апликации поддржуваат пренос на податоци преку Bluetooth. Можете да споделувате
податоци, како контакти или медиумски фајлови со други Bluetooth уреди. Следните дејства
се пример за испраќање слика на друг уред.
Испраќање слика
1
На екранот со апликации, допрете
Галерија
.
2
Изберете една слика.
3
Допрете
→
Bluetooth
, и потоа изберете уред на кој сакате да ја префрлите сликата.
Ако Вашиот уред бил претходно споен со истиот уред, допрете го името на уредот без да
ја потврдите автоматски генерираната лозинка.
Ако уредот со кој сакате да се споите не се наоѓа во списокот, побарајте уредот да ја
вклучи опцијата за видливост. Или, поставете Вашиот уред да биде видлив за други
уреди.
4
Прифатете го барањето за авторизација на Bluetooth на другиот уред.
Comments to this Manuals