27
Почнуваме
Заклучување или отклучување на екранот
на допир и копчињата
Кога не го користите уредот одредено време, тој го исклучува
екранот на допир и автоматски ги заклучува екранот и
копчињата за спречување ненамерни операции. За рачно
заклучување на екранот и копчињата, притиснете го копчето за
вклучување/ресетирање/исклучување.
Вклучете го екранот со притискање на копчето за вклучување/
ресетирање/исклучување и потоа бргу поминете со прстот во
која било насока за да ги отклучите.
Можете да ја активирате одликата за заклучување на
екранот за спречување други лица да ги користат или да
пристапуваат до Вашите лични податоци и информации
зачувани на Вашиот уред.
►стр.37
Запознајте се со почетниот екран
Од почетниот екран, може да го видите статусот на Вашиот
уред и да пристапите до апликациите.
Почетниот екран има повеќе прозорци. Лизгајте лево или
десно до прозорците од почетниот екран. Исто така, може
да изберете една од точките на долниот дел од екранот за
директно префрлање во соодветниот прозорец.
›
Икони за индикатор
Иконите прикажани на екранот можат да се разликуваат,
зависно од Вашиот регион или оператор.
Икона Дефиниција
Нема сигнал
Јачина на сигнал
Comments to this Manuals