119
Опции
Во врска со нагодувања
Користете ја оваа апликација за конфигурирање на уредот, поставување опции за апликации
и додавање сметки.
Допрете
Нагодувања
на екранот со апликации.
Конекции
Wi-Fi
Активирајте ја одликата Wi-Fi за поврзување на Wi-Fi мрежа и пристап до Интернет или до
други мрежни уреди.
Можете да одржите стабилна врска со мрежа преку автоматско избирање на Wi-Fi или
мобилна мрежа за да го употребувате најсилниот сигнал. За автоматско префрлање помеѓу
мрежи, штиклирајте
Паметно менување мрежи
.
За користење на опциите, допрете
.
•
Дополнително
: Прилагодете ги опциите за Wi-Fi.
•
Копче за WPS
: Поврзете се на безбедна мрежа Wi-Fi со копчето за WPS.
•
Внесување WPS PIN
: Поврзете се на безбедна мрежа Wi-Fi со WPS PIN.
Поставување правило за спиење на Wi-Fi
Допрете
Wi-Fi
→
→
Дополнително
→
Остави Wi-Fi вклучено за време на спиење
.
Кога е исклучен екранот, уредот автоматски ги исклучува врските Wi-Fi. Кога ќе се
случи тоа, уредот автоматски пристапува до податочните мрежи ако е поставено
да ги користи. Тоа може да предизвика дополнителни трошоци за трансфер. За да
избегнете дополнителни трошоци, поставете ја оваа опција на
Секогаш
.
Comments to this Manuals