Нагодувања
180
•
Ултра режим за штедење енергија
: Продолжете го времето на подготвеност и
намалете ја потрошувачката на батерија со прикажување на поедноставен распоред и
дозволување ограничен пристап во апликација.
Приближното максимално време на подготвеност е времето што е потребно
на батеријата да се испразни целосно, ако уредот не се употребува. Времето на
подготвеност зависи од опциите на уредот и условите на работа.
Меморија
Прикажете ги информациите за меморијата на Вашиот уред.
На екранот Нагодувања, допрете
Меморија
.
Вистинскиот достапен капацитет на внатрешната меморија е помал од назначениот
капацитет, бидејќи оперативниот систем и стандардните апликации заземаат дел од
меморијата. Достапниот капацитет може да се промени кога ќе го надградите уредот.
Сигурност
Променете ги опциите за безбедност на уредот и за SIM или USIM-картичката.
На екранот Нагодувања, допрете
Сигурност
.
•
Администратори на уредот
: Погледнете ги администраторите на уредот инсталирани
на уредот. Можете да дозволите администратори на уредот за примена на нови правила
за уредот.
•
Непознати извори
: Поставете уредот да дозволува инсталација на апликации од
непознати извори.
•
Шифрирање на уредот
: Поставете лозинка за шифрирање на податоците зачувани на
уредот. Лозинката морате да ја внесувате при секое вклучување на уредот.
Наполнете ја батеријата пред да ја овозможите оваа опција бидејќи може да биде
потребно повеќе од еден час за да се шифрираат податоците.
•
Далечински контроли
: Поставете уредот да овозможи контрола на Вашиот изгубен или
украден уред далечински, преку Интернет. За користење на оваа одлика, морате да се
најавите на Вашата сметка на Samsung.
–
Регистрација на сметка
: Додајте или погледнете ја Вашата сметка на Samsung.
–
Услуга за лоцирање Google
: Поставете уредот да дозволува собирање податоци за
локација или да ја одредува локацијата на Вашиот изгубен или украден уред преку
Wi-Fi или мобилни мрежи.
Comments to this Manuals