38
Мрежно поврзување
Мобилни податоци
Поврзете го уредот со мобилна мрежа за да користите Интернет или да споделувате
медиумски фајлови со други уреди. Погледнете на Користење податоци за дополнителни
опции.
На екранот со апликации, допрете
Нагодувања
→
Користење податоци
, и потоа
штиклирајте
Мобилни податоци
. Алтернативно, отворете го панелот за брзо нагодување и
допрете
Мобилни податоци
за да го активирате.
Wi-Fi
Поврзете го уредот со мрежа Wi-Fi за да користите Интернет или да споделувате медиумски
фајлови со други уреди. Погледнете на Wi-Fi за дополнителни опции.
•
Вашиот уред користи нехармонизирана фреквенција и е наменет за употреба
во сите европски држави. WLAN може се користи во ЕУ без ограничувања за
затворени простории, но не може да се користи на отворен простор.
•
Исклучете го Wi-Fi за да ја заштедите енергијата на батеријата кога не го
користите.
1
На екранот со апликации, допрете
Нагодувања
→
Wi-Fi
, и потоа допрете го копчето
Wi-Fi
за да го активирате.
2
Изберете една мрежа од списокот со Wi-Fi мрежи. Мрежите за кои е неопходна лозинка
се прикажуваат со заклучена икона.
3
Допрете
ПОВРЗИ
.
Штом уредот ќе се поврзе со Wi-Fi мрежа, уредот ќе се поврзува повторно со таа
мрежа секогаш кога е достапна, без да му треба лозинка.
За да се спречи автоматско поврзување на уредот со мрежата, изберете ја од
списокот со мрежи и допрете
ЗАБОРАВИ
.
Comments to this Manuals