Нагодувања
187
Меморија
Прикажете ги информациите за меморијата на Вашиот уред.
На екранот Нагодувања, допрете
Меморија
.
Вистинскиот достапен капацитет на внатрешната меморија е помал од назначениот
капацитет, бидејќи оперативниот систем и стандардните апликации заземаат дел од
меморијата. Достапниот капацитет може да се промени кога ќе го надградите уредот.
Сигурност
Променете ги опциите за безбедност на уредот и за SIM или USIM-картичката.
На екранот Нагодувања, допрете
Сигурност
.
•
Администратори на уредот
: Видете ги администраторите на уредот инсталирани на
уредот. Можете да дозволите администратори на уредот за примена на нови правила за
уредот.
•
Непознати извори
: Поставете уредот да дозволува инсталација на апликации од
непознати извори.
•
Потврдувај апликации
: Поставете уредот да проверува дали апликациите имаат
штетна содржина пред да ги инсталирате.
•
Шифрирање на уредот
: Поставете лозинка за шифрирање на податоците зачувани на
уредот. Лозинката морате да ја внесувате при секое вклучување на уредот.
Наполнете ја батеријата пред да ја овозможите оваа опција бидејќи може да биде
потребно повеќе од еден час за да се шифрираат податоците.
•
Далечински контроли
: Поставете уредот да овозможи контрола на Вашиот изгубен или
украден уред далечински, преку Интернет. За користење на оваа одлика, морате да се
најавите на Вашата сметка на Samsung.
–
РЕГИСТРАЦИЈА НА СМЕТКА
: Додајте или прикажете ја Вашата сметка на Samsung.
–
Google location service
: Поставете уредот да дозволува собирање податоци за
локација или да ја одредува локацијата на Вашиот изгубен или украден уред преку
Wi-Fi или мобилни мрежи.
•
Извест. за замена на SIM
: Активирајте ја или деактивирајте ја одликата Најди го мојот
мобилен која помага во лоцирање на уредот кога е изгубен или украден.
Comments to this Manuals