Samsung SM-G850F User Manual Page 5

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 225
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 4
5
Најпрво, прочитајте го ова
Ве молиме внимателно прочитајте го ова упатство пред да го користите уредот за да
осигурате неговата безбедна и правилна употреба.
•
Описите се засновани на стандардните нагодувања на уредот.
•
Некои содржини може да се разликуваат од Вашиот уред во зависност од регионот или
операторот или софтверот на уредот.
•
Содржините (содржини со висок квалитет), за кои е потребен силен CPU и многу
RAM меморија, ќе имаат влијание врз изведбата на уредот. Апликациите поврзани со
содржината може да не работат правилно во зависност од спецификациите на уредот и
средината во која тој се користи.
•
Samsung не е одговорен за проблеми во изведбата предизвикани од апликации од кои
било други набавувачи, освен Samsung.
•
Samsung не е одговорен за проблеми со перформансите или некомпатибилностите
предизвикани со менувањето на нагодувањата на регистарот или менувањето на
софтверот на оперативниот систем. Обидите да се прилагоди оперативниот систем може
да предизвикаат неправилно функционирање на Вашиот уред или на апликациите.
•
Софтверот, звучните извори, заднините, сликите и другите медиумски содржини
понудени во овој уред се лиценцирани за ограничена употреба. Преземањето и
користењето на овие материјали за комерцијални или други цели е прекршување
на законите за авторски права. Корисниците се целосно одговорни за незаконско
користење на медиумите.
•
Може да настанат дополнителни трошоци за податочни услуги, како што се
разменување пораки, поставување и преземање, автоматска синхронизација или
користење услуги за лоцирање во зависност од Вашиот договор за податоци. За
пренесување на големи фајлови, се препорачува да ја користите Wi-Fi одликата.
•
Стандардните апликации што доаѓаат со уредот подлежат на ажурирања и постои
можност веќе да не се поддржуваат без претходно известување. Ако имате прашања
за апликација испорачана со уредот, контактирајте со сервисен центар на Samsung. За
апликации инсталирани од корисникот, контактирајте со операторите.
•
Модификувањето на оперативниот систем на уредот или инсталирањето софтвер од
неофицијални извори може да резултира со неправилно функционирање на уредот
и оштетување или загуба на податоци. Овие дејства претставуваат прекршување на
Вашиот договор за лиценца со Samsung и Вашата гаранција веќе нема да важи.
Page view 4
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ... 224 225

Comments to this Manuals

No comments