Поврзување со други уреди
133
•
Оваа одлика може да биде недостапна во зависност од регионот или од
операторот.
•
Емитувањето на некои фајлови може да е со прекини во зависност од мрежната
врска.
•
За да заштедите енергија, деактивирајте ја оваа одлика кога не е во употреба.
•
Ако зададете фреквенција за Wi-Fi, приклучоците за AllShare Cast или HomeSync
може да не се детектираат или поврзат.
•
Ако емитувате видео-записи или игри на телевизор, изберете соодветен ТВ режим
за да добиете најдобро искуство.
Прикажување содржина на ТВ
Пред да го поврзете ТВ со Вашиот уред, поврзете го ТВ и уредот со вклучена одлика
рефлексија на екран. За да ја поставите врската, осврнете се на упатството за корисникот на
уредот. Следните дејства се пример за прикажување содржина на ТВ поврзан преку AllShare
Cast приклучок.
1
Поврзете го уредот со вклучена одлика рефлексија на екран со ТВ со помош на HDMI-
кабел.
2
На ТВ, изберете режим на поврзување, како на пример HDMI режим, за да поврзете
еден надворешен уред.
3
На екранот со сите апликации, допрете
Нагодувања
→
NFC и споделување
→
Screen
Mirroring
.
Детектираните уреди се наведени во список.
4
Изберете уред со кој ќе се поврзете. Екранот на Вашиот уред ќе се појави на екранот на
ТВ.
Ако го поврзувате уредот првпат, држете го допрено името на електронскиот уред
(донгл) во списокот и внесете го PIN кој се прикажува на екранот на ТВ.
5
Отворете или емитувајте фајл и потоа контролирајте го екранот со копчињата на Вашиот
уред.
Comments to this Manuals