Нагодувања
160
Сигурност
Променете ги опциите за безбедност на уредот и за SIM или USIM-картичката.
На екранот Нагодувања, допрете
Сигурност
.
•
Администратори на уредот
: Видете ги администраторите на уредот инсталирани на
уредот. Можете да дозволите администратори на уредот за примена на нови правила за
уредот.
•
Непознати извори
: Поставете уредот да дозволува инсталација на апликации од
непознати извори.
•
Потврдувај апликации
: Поставете уредот да проверува дали апликациите имаат
штетна содржина пред да ги инсталирате.
•
Шифрирање на уредот
: Поставете лозинка за шифрирање на податоците зачувани на
уредот. Лозинката морате да ја внесувате при секое вклучување на уредот.
Шифрирањето на податоци може да потрае повеќе од еден час. Пред да шифрирате
податоци, поврзете го полначот за целосно полнење на батеријата и не исклучувајте
го сè додека шифрирањето на податоци не биде завршено.
•
Шифрирај надворешна SD-картичка
: Поставете уредот да ги шифрира фајловите на
мемориската картичка.
Ако го ресетирате уредот на фабричките стандардни вредности, а оваа функција
е овозможена, уредот нема да може да ги прочита Вашите шифрирани фајлови.
Исклучете ја оваа опција пред да го ресетирате уредот.
•
Далечински контроли
: Поставете уредот да овозможи контрола на Вашиот изгубен или
украден уред далечински, преку Интернет. За користење на оваа одлика, морате да се
најавите на Вашата сметка на Samsung.
•
Извест. за замена на SIM
: Активирајте ја или деактивирајте ја одликата Најди го мојот
мобилен која помага во лоцирање на уредот кога е изгубен или украден.
•
Отвори сајт
: Пристапете до интернет-страницата Find my mobile
(findmymobile.samsung.com). Можете да го следите и контролирате Вашиот изгубен или
украден уред на интернет-страницата Find my mobile.
•
Закл. за реактивирање
: Поставете уредот да ја бара вашата сметка Samsung откако
уредот бил ресетиран, за да спречи други да го реактивираат Вашиот уред.
•
Постави заклучување на SIM-картичката
: Изменете ги нагодувањата за заклучување
на SIM картичка.
•
Лозинките да се видливи
: Поставете уредот да ги прикажува лозинките како што се
внесуваат.
•
Ажур.на полит. за безб.
: Поставете го уредот автоматски да проверува и презема
безбедносни ажурирања.
Comments to this Manuals