Пристапност
168
Внесување дополнителни знаци
Допрете и задржете едно копче на тастатурата за да внесете дополнителни знаци што
се достапни за копчето. Над копчето ќе се појави скокачки прозорец што ги покажува
достапните знаци. За да изберете еден знак, влечете го Вашиот прст на скокачкиот прозорец,
сè додека не го слушнете знакот што го сакате и потоа отпуштете го.
Вид
Промена на големината на фонт
Користете ја оваа одлика за да ја измените големината на фонт. Поставувањето на
големината
Огромни
може да не е достапна во некои апликации.
На екранот со сите апликации, допрете
Нагодувања
→
Пристапност
→
Вид
→
Големина
на букви
.
Зголемување на екранот
Користете ја оваа одлика за да го зголемите екранот и да зумирате на конкретна област.
На екранот со сите апликации, допрете
Нагодувања
→
Пристапност
→
Вид
→
Гестови за
зголемување
, и потоа допрете го копчето
Гестови за зголемување
за да ја активирате.
•
Зумирање и одзумирање: Брзо допрете го екранот три пати за зумирање на конкретна
област. Допрете го брзо екранот три пати за да се вратите во нормалниот преглед.
•
Истражување на екран со лизгање: Влечете два или повеќе прсти низ зголемениот екран.
•
Прилагодување на сооднос на зум: Спојте два или повеќе прста на зголемениот екран
или раширете ги.
Исто така, можете привремено да го зголемите екранот со допирање на екранот три пати
и држење. Додека го држите екранот, влечете го Вашиот прст за да го истражите екранот.
Отпуштете го Вашиот прст за да се вратите во нормален преглед.
•
Тастатурите на екранот не се зголемуваат.
•
Кога оваа одлика е активирана, може да влијае врз изведбата на некои апликации,
како
Телефон
и
Дигитрон
.
Comments to this Manuals