Samsung GT-I9070 User Manual Page 151

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 170
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 150
Безбедносни мерки на претпазливост
151
Внимателно ракувајте и отстранувајте ги батериите и полначите
Користете само батерии одобрени од Samsung и полначи кои се
специјално направени за Вашиот уред. Некомпатибилни батерии и
полначи можат да предизвикаат сериозни повреди или оштетување на
Вашиот уред.
Батериите или уредите никогаш не фрлајте ги во оган. Следете ги сите
локални прописи при отстранување на искористените батерии или
уреди.
Никогаш не ги оставајте батериите или уредите на или во грејни уреди,
како што се микробранови печки, шпорети или радијатори. При
преголема загреаност, батериите можат да експлодираат.
Никогаш не кршете ги и не продупчувајте ги батериите. Избегнувајте
изложување на батериите на висок надворешен притисок, што може да
доведе до внатрешен краток спој или преголема загреаност.
Заштитете ги уредот, батериите и полначите од оштетување
Избегнувајте изложување на Вашиот уред и на батериите на многу
ниски или многу високи температури.
Екстремните температури можат да предизвикаат деформација на
уредот и да го намалат капацитетот на полнење и векот на траење на
уредот и батериите.
Заштитете ги батериите од контакт со метални предмети, затоа што тоа
може да предизвика краток спој помеѓу + и – половите на батериите и
води кон привремено или трајно оштетување на батеријата.
Никогаш не користете оштетен полнач или батерија.
Внимание: Следете ги сите безбедносни
предупредувања и прописи кога го користите Вашиот
уред на места каде е ограничена нивната употреба
Исклучете го уредот кога е забранета неговата употреба
Придржувајте се кон сите прописи кои го ограничуваат користењето на
мобилниот уред во одредено подрачје.
Не користете го уредот во близина на други електронски уреди
Повеќето електронски уреди користат радио фреквентни сигнали. Вашиот
уред може да предизвика пречки во работата на другите електронски
уреди.
Page view 150
1 2 ... 146 147 148 149 150 151 152 153 154 155 156 ... 169 170

Comments to this Manuals

No comments