
Телетекст можност (во зависност од моделот)
Повеќето телевизиски станици нудат текстуални информации
преку телетекст. Индекс страната на телетекст услугата ви
нуди информации околу начинот на користење на услугата.
Дополнително, можете да изберете повеќе опции според
вашите потреби со помош на копчињата од далечинскиот
управувач.
☛
За исправно прикажување на телетекст информациите,
приемот на каналот мора да биде стабилен. Во спротивен
случај може да недостасуваат информации или да не се
прикажат некои страници.
1
TV
Напуштање на телетекст приказот (во зависност од моделот)
2
(index)
Се користи за прикажување на индекс (содржина) страницата
во секое време додека ги гледате телетекст содржините.
3
(teletext on/mix)
Со притиснување се активира телетекст режимот откако сте
го селектирале каналот кој нуди телетекст услуга. Со двојно
притиснување телетекст содржината ќе се преклопи со сликата
на тековната програма.
4
(hold)
Се користи за да се задржи прикажувањето на избраната страна
во случај кога таа е поврзана со неколку страни кои следуваат
автоматски. За да продолжите, притиснете повторно.
5
(mode)
Притиснете за да изберете телетекст режим (LIST/FLOF).
Доколку го притиснете во LIST режимот, ќе се префрлите во
List save режим.
Во List save режимот ќе можете да снимате телетекст страни
во листа користејќи го (store) копчето.
6
(sub-page)
Се користи за прикажување на под-страници.
7
(page up)
Се користи за прикажување на наредната телетекст страница.
8
(page down)
Се користи за прикажување на претходната телетекст
страница.
9
(cancel)
Се користи за да се прикаже преносот додека трае пребарувањето на некоја страница.
0
(reveal)
Се користи за да се прикаже скриениот текст (на пример, одговори на прашања од квиз). За
прикажување на нормална слика, притиснете повторно.
!
Копчиња во боја (црвено/зелено/жолто/сино)
Доколку FASTEXT системот се користи од телевизиска компанија, различните области кои ги покрива
телетекст услугата се кодирани во боја и можат да се селектираат со притиснување на копчињата во
боја. Со притиснување на некое од нив ќе се прикаже соодветната содржина. Страницата се прикажува
со други информации во боја кои можат да се селектираат на истиот начин.
За прикажување на претходната или наредната страница, притиснете го оодветното копче во боја.
@
(size)
Со притиснување во горниот дел на екранот се прикажуваат
букви со двојна големина. За долниот дел од екранот,
притиснете повторно.
За прикажување на нормална слика, притиснете уште еднаш.
#
(store)
Се користи за снимање на телетекст страници.
➢
Можете да ги менувате телетекст страниците со притиснување
на нумеричките копчиња на далечинскиот управувач.
Продолжува...
BN68-01171F-01Mac.indd 39 2007-03-20 ¿ÀÈÄ 8:09:42
Comments to this Manuals