Samsung SM-J730F/DS User Manual Page 127

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 143
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 126
Поставувања
127
За подобро препознавање на отпечатоци
Кога ги скенирате Вашите отпечатоци на уредот, треба да знаете дека следните услови може
да влијаат врз изведбата на одликата:
•
Копчето Дома содржи сензор за препознавање отпечатоци. Осигурете се дека копчето
Дома не е изгребано или оштетено од метални предмети, како метални пари, клучеви и
ѓердани.
•
Покривањето на зоната за препознавање отпечаток од прст со заштитни фолии,
налепници или други додатоци може да го намали степенот на препознавање отпечаток
од прст. Ако зоната за препознавање отпечаток од прст почетно е покриена со заштитна
фолија, отстранете ја пред да го користите сензорот за препознавање отпечаток од прст.
•
Осигурете се дека областа за препознавање отпечатоци и Вашите прсти е чиста и сува.
•
Уредот може да не препознава отпечатоци на кои има бразди или лузни.
•
Уредот може да не ги препознае отпечатоците од многу малечки или тенки прсти.
•
Ако го свиткате прстот или ако го користите врвот на прстот, уредот може да не ги
препознае отпечатоците. Осигурете се дека сте го покриле целосно копчето Дома со
Вашиот прст.
•
За да ја подобрите изведбата на препознавање, регистрирајте ги отпечатоците од раката
што ја користите повеќе за да изведувате задачи на уредот.
•
Во суви средини, во уредот може да се појави статички електрицитет. Избегнувајте да ја
користите оваа одлика во суви средини или пред да ја користите одликата испразнете го
статичкиот електрицитет со допирање метален предмет.
Регистрирање отпечатоци
1
На екранот со поставки допрете на
Екран за закл.и безбедност
Скенер за
отпечатоци
.
2
Отклучете го екранот користејќи го претходно поставениот метод за заклучување.
Ако не сте поставиле метод за заклучување на екран, креирајте го.
3
Поставете го Вашиот прст на копчето Дома.
4
Откако уредот ќе го детектира Вашиот отпечаток, подигнете го и поставете го повторно
на копчето Дома.
Повторете го ова дејство сѐ додека не се регистрира отпечатокот. Кога ќе завршите со
регистрација на Вашите отпечатоци од прсти, допрете
ИЗВРШЕНО
.
Кога ќе се појави скокачки прозорец за заклучување со отпечаток на прст, допрете
ВКЛУЧИ
за да го употребите Вашиот отпечаток од прст за отклучување на екранот.
Page view 126
1 2 ... 122 123 124 125 126 127 128 129 130 131 132 ... 142 143

Comments to this Manuals

No comments