Склопување
Распакување
Проверете дали во кутијата се содржани следните предмети:
Мобилен уред
●
Брз водич за употреба
●
Користете само софтвер одобрен од Samsung.
Пиратскиот или незаконски софтвер може да предизвика
оштетување или несоодветно функционирање што не се
покриени со гаранцијата на производителот.
Опремата испорачана со Вашиот уред и достапниот
●
дополнителен прибор може да се разликуваат во
зависност од Вашиот регион или оператор.
Можете да купите дополнителен прибор во локалната
●
продавница на Samsung.
Испорачаниот дополнителен прибор дава најдобри
●
резултати за Вашиот уред.
Додатоците коишто не се обезбедени со уредот може да
●
не бидат компатибилни со Вашиот уред.
Инсталирање на SIM или USIM-картичка
Кога ќе се претплатите за услуга за мобилна телефонија,
добивате SIM-картичка (Subscriber Identity Module - Модул за
идентитет на претплатникот) со детали за претплатата, како
што се Вашиот персонален идентификациски број (Personal
identification number - PIN) и услугите што се на располагање.
За да користите UMTS или HSDPA услуги, можете да набавите
USIM-картичка (Universal Subscriber Identity Module -
Универзален модул за идентитет на претплатникот).
Comments to this Manuals