Решавање проблеми
120
Се појавува порака за грешка при вклучување
на музички фајлови
Некои музички фајлови не се емитуваат на Вашиот Samsung
мобилен уред поради различни причини. Доколку примите
порака за грешка при отворање на музички фајлови на
Вашиот уред, обидете се со следното:
Ослободете меморија со префрлање фајлови до компјутер
•
или избришете фајлови од Вашиот уред.
Осигурете се дека музичкиот фајл не е заштитен со
•
Управување со дигитални права (Digital Rights Management
- DRM). Доколку фајлот е DRM-заштитен, осигурете се дека
ја имате соодветната лиценца или клуч за да го емитувате
фајлот.
Проверете дали Вашиот телефон го поддржува типот на
•
фајлот.
Се појавува порака за грешка при вклучување
радиото
Апликацијата за радио на Вашиот Samsung мобилен уред
користи кабел од слушалките како антена. Без поврзани
слушалки, радиото нема да може да прима радио станици. За
да го користите радиото, првин проверете дали слушалките
се правилно поврзани. Следно, скенирајте и зачувајте
достапни радио станици.
Доколку се уште не можете да користите радио по
изведување на овие чекори, обидете се со пристапување на
саканата станица со друг радио приемник. Ако не можете
да ја слушате станицата со друг применик, на Вашиот уред
можеби му е потребно сервисирање. Контактирајте Samsung
услужен сервис.
Comments to this Manuals