Започнуваме
34
За инсталирање на апликаци преземени од интернет-
страници различни од Android Market, мора да изберете
Опции
→
Апликации
→
Непознати извори.
Синхронизирање податоци
Може да синхронизирате податоци со различни сервери на
интернет и да правите резервни копии или да ги повраќате
Вашите податоци.
Откако синхронизацијата ќе заврши, уредот останува
поврзан на интернет. Ако на интернет е направена каква
било промена, ажурираните информации ќе се појават на
Вашиот уред и автоматски ќе започне синхронизација и
обратно.
Оваа функција може да биде недостапна во зависност
од Вашиот регион или давател на услуги.
Преземање датотеки од интернет
Кога преземате датотеки или интернет-апликации од
интернет, Вашиот уред ги зачувува на мемориска картичка.
Датотеките што ги преземате од интернет можат да
содржат вируси што ќе го оштетат Вашиот уред. За
да го намалите ризикот, преземајте датотеки само од
извори што им верувате.
Некои медиумски датотеки вклучуваат Управување
со дигитални права (Digital Rights Management) за
заштита на авторски права. Оваа заштита може да Ве
спречи при преземање, копирање, менување или
пренесување на некои датотеки.
За преземање датотеки од интернет,
При почетниот екран, отворете го списокот со апликации
1
и изберете Интернет.
Побарајте датотека или апликација и преземете ги.
2
Comments to this Manuals