Samsung GT-I5800 User Manual Page 129

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 138
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 128
Безбедносни мерки на претпазливост
129
Не распространувајте материјали со заштитени авторски
права
Не распространувајте материјали со заштитени авторски права кои
сте ги снимиле на други без дозвола од сопствениците на содржината.
Правејќи го тоа може да доведе до прекршување на законите за авторски
права. Производителот не е одговорен за било какви правни прашања
предизвикани од илегалната употреба на материјали со заштитени
авторски права.
Информации за SAR (Specic Absorption Rate)
сертификатот
Вашиот уред подлежи на стандардите од Европската Унија (EU) кои ја
ограничуваат изложеноста на луѓето на зрачење на радио-бранови
(RF) емитувани од радио и телекомуникациска опрема. Овие стандарди
спречуваат продажба на мобилни уреди кои го надминуваат максималното
ниво на изложување (познато како Specic Absorption Rate, или SAR) од 2,0
W/kg на телесно ткиво.
За време на тестирањето, максималниот забележан SAR за овој модел беше
0,575 W/kg. Во нормална употреба, правиот SAR е обично многу понизок,
бидејќи телефонот е направен да ја емитува само RF енергијата потребна за
пренос на сигналот до најблиската базна станица. Со автоматско емитување
пониски нивоа секогаш кога е тоа возможно, Вашиот уред го намалува
Вашето севкупно изложување на RF енергија.
Дозволете само квалификувани лица да го сервисираат
Вашиот уред
Дозволувањето на неквалификувани лица да го сервисираат Вашиот
уред може да предизвика оштетување, а со тоа и поништување на Вашата
гаранција од произведувачот.
Внимателно ракувајте со SIM картичките и со мемориските
картички
Не отстранувајте картичка кога уредот пренесува или прима •
информации, бидејќи тоа може да предизвика губење на податоците и/
или оштетување на картичката или уредот.
Заштитете ги картичките од силни удари, статички електрицитет и
•
електрични пречки од другите уреди.
Не ги допирајте златно обоените контакти или полови со прсти или
•
метални предмети. Доколку не е чиста, пребришете ја картичката со
мека крпа.
Обезбедете пристап до услугите за итни случаи
Повиците за итни случаи од Вашиот уред можеби нема да бидат возможни
во некои подрачја или околности. Пред патување во оддалечени или
неразвиени подрачја, испланирајте резервна метода за контакт со
персоналот задолжен за итни повици.
Осигурете се да правите бек-ап на важните податоци
Samsung не е одговорен за губењето на податоци.
Page view 128
1 2 ... 124 125 126 127 128 129 130 131 132 133 134 ... 137 138

Comments to this Manuals

No comments