Samsung SM-T310 User Manual Page 108

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 110
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 107
Решавање проблеми
108
Уредот емитува кратки звуци и иконата на батеријата е празна
Нивото на батеријата е ниско. Наполнете ја или заменете ја батеријата за да продолжите да го
користите уредот.
Батеријата не се полни правилно или уредот се исклучува
Батеријата во уредот нема можност за замена од страна на корисникот. Ако имате проблеми со
батеријата или истата треба да се замени, однесете го уредот во сервисен центар на Samsung.
Вашиот уред е презагреан при допир
Кога користите апликации што бараат повеќе енергија или користите апликации на уредот
подолго време, Вашиот уред можеби да биде презагреан при допир. Ова е вообичаена појава и не
би требало да влијае врз животниот век или функционирањето на уредот.
Се појавуваат пораки за грешка кога се стартува камерата
Вашиот уред Samsung мора да има доволна количина слободна меморија и енергија на батеријата
за да работи апликацијата за камерата. Ако добивате пораки за грешка кога ја стартувате камерата,
обидете се со следново:
•
Наполнете ја батеријата или заменете ја со батерија што е целосно наполнета.
•
Ослободете меморија со префрлување на некои од фајловите на компјутер или нивно
бришење од уредот.
•
Рестартирајте го уредот. Ако сè уште имате проблеми со апликацијата за камерата по
обидувањето со претходните совети, контактирајте го сервисниот центар на Samsung.
Се појавуваат пораки за грешка при отворање музички фајлови
Некои музички фајлови нема да се емитуваат на Вашиот уред Samsung заради различни причини.
Ако добивате пораки за грешка кога отворате музички фајлови на Вашиот уред, обидете се со
следново:
•
Ослободете меморија со префрлување на некои од фајловите на компјутер или нивно
бришење од уредот.
•
Осигурете се дека музичкиот фајл не е заштитен со DRM (Управување со дигитални права).
Ако фајлот е заштитен со DRM, осигурете се дека ја имате соодветната лиценца или клуч за
емитување на фајлот.
•
Осигурете се дека Вашиот уред го поддржува таквиот вид фајл.
Page view 107
1 2 ... 103 104 105 106 107 108 109 110

Comments to this Manuals

No comments