Опции
95
Звук
Променете ги опциите за различните звуци на уредот.
•
Јачина
: Прилагодете го нивото на јачина на тон за музиката и видео-записите, системските
звуци и тоновите на известувањата.
•
Известувања
: Изберете тон за ѕвонење за настани како што се дојдовни пораки.
•
Звуци на допир
: Поставете го уредот да се огласи кога ќе изберете некоја апликација или
опција на екранот чувствителен на допир.
•
Звук за заклучување на екранот
: Поставете го уредот да се огласи кога го заклучувате или
отклучувате екранот чувствителен на допир.
•
Adapt Sound
: Персонализирајте го звукот за увото што најчесто го користите додека слушате
музика.
Екран
Изменете ги опциите за екранот.
•
Заднина
:
–
Основен екран
: Изберете заднинска слика за основниот екран.
–
Заклучување на екранот
: Изберете заднинска слика за заклучениот екран.
–
Почетен и екрани за заклучување
: Изберете заднинска слика за основниот и за
заклучениот екран.
•
Табла за известувања
: Прилагодете ги ставките што се појавуваат на панелот за известување.
•
Повеќе прозорци
: Поставете уредот да го користи мултипрозорецот.
•
Екрански режим
:
–
Оптимизирај приказ
: Користете го овој режим за оптимизирање на екранот во согласност
со опциите за него.
–
Динамично
: Користете го овој режим за нијансата на приказот да е пожива.
–
Стандарден
: Користете го овој режим за нормални опкружувања.
–
Филм
: Користете го овој режим за затемнети опкружувања, како на пример во темна соба.
•
Режим за читање
: Изберете кои апликации да го користат режимот за читање. Во режим за
читање, уредот помага во заштита на Вашите очи кога читате ноќе.
Comments to this Manuals