Samsung SM-T719 User Manual Page 45

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 120
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 44
Основни информации
45
Ажурирање со Smart Switch
Поврзете го уредот со компјутер и ажурирајте со уредот со најновиот софтвер.
1
На компјутерот, посетете ја www.samsung.com/smartswitch за да ја преземете и
инсталирате Smart Switch.
2
На компјутерот, стартувајте ја Smart Switch.
3
Поврзете го уредот со компјутер користејќи USB кабел.
4
Доколку е достапно ажурирање на софтверот, следете ги упатствата на екранот за
ажурирање на уредот.
•
Не исклучувајте го компјутерот и не откачувајте го USB кабелот додека уредот се
ажурира.
•
Додека уредот се ажурира, не поврзувајте други медиумски уреди со компјутерот.
Во спротивно може да дојде до пречки во процесот на ажурирање. Пред да
извршите ажурирање, исклучете ги сите други медиумски уреди од компјутерот.
Правење резервна копија и обновување податоци
Чувајте ги безбедни Вашите лични информации, податоци од апликации и нагодувања на
уредот. Можете да направите резервна копија од Вашите чувствителни информации и да
пристапувате до неа подоцна. Мора да се најавите на Вашата сметка Google или Samsung за
да направите резервна копија или да обновите податоци. За повеќе информации, погледнете
во Сметка Samsung и Сметки.
Користење сметка Samsung
На екранот со апликации, допрете
Поставувања
Облак и сметки
Архивирање и
враќање
Поставувања за резервна копија
за сметката Samsung, изберете ги копчињата
што се наоѓаат до ставките од кои сакате да направите резервна копија за да ги активирате и
потоа допрете
НАПРАВИ РЕЗ. КОП. СЕГА
.
Од податоците ќе се направи резервна копија во облакот на Samsung. Осврнете се на
Samsung Cloud за повеќе информации.
За да поставите уредот автоматски да прави резервна копија од податоците, допрете го
копчето
Автоматска резервна копија
за да го активирате.
За обновување податоци од резервна копија што се наоѓа во облакот на Samsung со помош
на сметката Samsung, допрете
Обнови првобитни
. Изберете уред и видовите податоци
што сакате да ги обновите и допрете
ОБНОВИ СЕГА
. Избраните податоци ќе се обноват на
Вашиот уред.
Page view 44
1 2 ... 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 ... 119 120

Comments to this Manuals

No comments