
Основни информации
8
Ограничувања за уредот кога ќе се прегрее
Кога уредот ќе се загрее, одликите и перформансите може да бидат ограничени или уредот
може да се исклучи за да се излади. Оваа одлика е достапна само кај моделите за коишто
има поддршка.
•
Ако уредот стане потопол од вообичаено, ќе се појави порака за прегревање на
уредот. За да се намали температурата на уредот, осветленоста на екранот и брзината
на работење ќе се ограничат и ќе се прекине полнењето на батеријата. Пуштените
апликации ќе се запрат, а вие ќе можете да воспоставувате повици само со броевите за
итни случаи додека не се излади уредот.
•
Ако уредот се прегрее или е жежок подолго време, ќе се појави порака за исклучување.
Исклучете го уредот и почекајте додека не се излади.
Предупредувања за работната околина
Загревањето на Вашиот уред заради средината може да се случи во следните услови. Бидете
внимателни за да избегнете скратување на работниот век на батеријата, оштетување на
уредот или предизвикување пожар.
•
Не чувајте го Вашиот уред на многу високи или ниски температури.
•
Не изложувајте го Вашиот уредот директна сончева светлина подолго време.
•
Не користете го и не чувајте го Вашиот уред долго време во многу топли простории,
како на пример во автомобил во лето.
•
Не ставајте го уредот на места што се презагреваат, како на пример на електрична
подлога за греење.
•
Не чувајте го Вашиот уред во близина на или во грејни тела, микробранови печки,
опрема за готвење или садови под висок притисок.
•
Никогаш не користете оштетен полнач или оштетена батерија.
Comments to this Manuals