Основни информации
18
Користење на екранот чувствителен на допир
Користете ги само прстите кога го допирате екранот.
•
Не дозволувајте екранот чувствителен на допир да дојде во контакт со други
електрични уреди. Електричните празнења може да предизвикаат неисправност на
екранот чувствителен на допир.
•
Не дозволувајте екранот чувствителен на допир да дојде во контакт со вода. Екранот
чувствителен на допир може неправилно да функционира во влажни услови или кога е
изложен на вода.
•
За да избегнете оштетување на екранот чувствителен на допир, не допирајте го со
остри предмети и не притискајте пресилно со прстите.
•
Ако го оставите екранот чувствителен на допир во мирување подолг временски
период, тоа може да резултира со пост-слики (разобличеност на приказот) или
заматеност. Исклучете го екранот чувствителен на допир кога не го користите уредот.
Движења со прстите
Допирање
За да отворите апликација, да изберете ставка од мени, да притиснете копче на екранот, или за да
внесете знак со помош на тастатурата на екран, допрете со прст.
Comments to this Manuals