Основни информации
30
Приклучување на Wi-Fi мрежи
На почетниот екран, допрете
Опции
→
Wi-Fi
и потоа повлечете го копчето
Wi-Fi
надесно.
Изберете мрежа од списокот пронајдени Wi-Fi мрежи внесете лозинка ако е потребно, и потоа
допрете
Поврзи
. Мрежите за кои е неопходна лозинка се прикажуваат со заклучена икона. Откако
уредот ќе се поврзе на мрежа Wi-Fi уредот автоматски ќе се поврзува на истата секој пат кога е
достапна.
Додавање Wi-Fi мрежи
Ако посакуваната мрежа не се појави во списокот со мрежи, допрете
Додај мрежа Wi-Fi
на
дното од списокот со мрежи. Внесете го името на мрежата во
Мрежен SSID
, изберете го типот на
безбедност и внесете ја лозинката доколку мрежата не е отворена, и потоа допрете
Поврзи
.
Заборавање Wi-Fi мрежи
Секоја мрежа што била користена, вклучувајќи ја тековната мрежа, може да се заборави така што
уредот нема автоматски да се поврзува на неа. Изберете ја мрежата од списокот со мрежи и потоа
допрете
Заборави
.
Поставување сметки
За апликациите на Google, како што е
Play Store
, потребна е сметка Google, а за
Samsung Apps
потребна е сметка Samsung. Креирајте сметки на Google и Samsung за да го имате најдоброто
искуство со уредот.
Додавање сметки
Следете ги упатствата што се појавуваат кога ќе се отвори апликацијата на Google без најавување
за да се постави сметка Google.
За да се најавите или да креирате сметка Google, на екранот со апликации допрете
Опции
→
Додај сметка
→
Google
. Потоа, допрете
New
за креирање нова сметка, или допрете
Existing
, и
потоа следете ги упатствата на екранот за да го комплетирате поставувањето сметка. Можат да се
користат повеќе од една сметка Google на уредот.
Исто така, поставете и сметка Samsung.
Comments to this Manuals