Основни информации
29
Внесување текст преку говор
Активирајте ја одликата за говорен влез и потоа зборувајте во микрофонот. Уредот го прикажува
тоа што Вие го зборувате.
Ако уредот не ги препознава Вашите зборови правилно, допрете го подвлечениот текст и изберете
алтернативен збор или фраза од паѓачкиот список.
Допрете го тековниот јазик за да го смените јазикот или за да додадете јазици за препознавање
говор.
Кога ќе завршите, допрете
Tap to pause
.
Копирање и пресликување
Допрете и држете преку текстот, повлечете или за да изберете повеќе или помалку текст и
потоа допрете
Копирај
за да го копирате или
Исечи
за да го отсечете текстот. Избраниот текст се
копира во посредната меморија.
За да го пресликате во поле за внесување текст, задржете допрено на точката каде што треба да се
вметне и потоа притиснете
Пресликај
.
Поврзување со Wi-Fi мрежа
Поврзете го уредот со Wi-Fi мрежа за да користите Интернет или да споделувате медиумски
фајлови со други уреди. (стр. 92)
Вклучување и исклучување Wi-Fi
Отворете го панелот за известување и потоа допрете
Wi-Fi
за вклучување или исклучување.
•
Вашиот уред користи нехармонизирана фреквенција и е наменет за употреба во
сите европски држави. WLAN може се користи во ЕУ без ограничувања во затворени
простории, но не може да се користи на отворен простор.
•
Исклучете го Wi-Fi за да ја заштедите енергијата на батеријата кога не го користите.
Comments to this Manuals