Нагодувања
126
Сигурност
Променете ги опциите за безбедност на уредот и за SIM или USIM-картичката.
•
Шифрирање на уредот
: Поставете лозинка за шифрирање на податоците зачувани на уредот.
Лозинката мора да ја внесете при секое вклучување на уредот.
Наполнете ја батеријата пред да ја овозможите оваа опција бидејќи може да биде
потребно повеќе од еден час за да се шифрираат податоците.
•
Шифрирајте надворешна SD-картичка
:
–
Шифрирај
: Поставете да се шифрираат фајловите кога ќе ги зачувате на мемориска
картичка.
–
Целосно шифрирање
: Поставете да се шифрираат сите фајлови на мемориската картичка.
–
Без мултимедијалните фајлови
: Поставете да се шифрираат сите фајлови на мемориската
картичка, освен медиумските фајлови.
Ако го ресетирате уредот на фабричките стандардни вредности, а оваа функција е
овозможена, уредот нема да може да ги прочита Вашите шифрирани фајлови. Исклучете ја
оваа опција пред да го ресетирате уредот.
•
Далечински контроли
: Поставете да се овозможи контрола на Вашиот изгубен или украден
уред далечински, преку Интернет. За користење на оваа одлика, мора да се најавите на Вашата
Samsung сметка.
–
Додајте сметка
: Додајте или видете ја Вашата Samsung сметка.
–
Користење безжични мрежи
: Поставете да се дозволи собирање информации за
локацијата на Вашиот изгубен или украден уред преку Wi-Fi и мобилни мрежи.
•
Извест. за замена на SIM
: Активирајте ја одликата Најди го мојот мобилен.
•
Стр.за најди го м.мобилен
: Посетете ја веб-страницата на SamsungDive
(
www.samsungdive.com
). Можете да го следите и контролирате Вашиот изгубен или украден
уред на веб-страницата на SamsungDive.
•
Поставете заклучување на SIM-картичката
:
–
Заклучување на SIM-картичка
: Активирајте или деактивирајте ја одликата за заклучување
на PIN за да бара PIN пред користење на уредот.
–
Сменете PIN за SIM-от
: Сменете го PIN-от што се користи за пристап до податоците од SIM
или USIM-картичката.
•
Направете лозинките да бидат видливи
: По стандард, за безбедност уредот ја сокрива
лозинката. Поставете уредот да ги прикажува лозинките како што се внесуваат.
Comments to this Manuals