Samsung GT-N7100 User Manual Page 136

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 141
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 135
136
Решавање проблеми
Кога ќе го вклучите Вашиот уред или додека го користите, уредот бара
да се внесе еден од следниве кодови:
•
Лозинка: Кога е овозможено заклучувањето на уредот, Вие ќе морате да ја внесете лозинката
што сте ја поставиле за уредот.
•
PIN: Кога го користите уредот за прв пат или кога е овозможено барањето PIN, морате да го
внесете PIN-кодот испорачан со SIM или USIM-картичката. Можете да ја деактивирате оваа
одлика преку менито Заклучување на SIM-картичка.
•
PUK: Вашата SIM или USIM-картичка е блокирана, најчесто како резултат на внесување
погрешен PIN неколку пати. Мора да го внесете PUK-кодот испорачан од Вашиот оператор.
•
PIN2: Кога пристапувате кон мени за кое е потребен PIN2-код, морате да го внесете PIN2-кодот
испорачан со SIM или USIM-картичката. За подетални информации, контактирајте го Вашиот
оператор.
Вашиот уред прикажува пораки за грешка во мрежата или услугата
•
Кога сте во подрачја со слаб сигнал или лош прием, може да изгубите прием. Преместете се во
друго подрачје и обидете се повторно.
•
Не можете да пристапите до некои од опциите без претплата. Контактирајте го Вашиот
оператор за повеќе информации.
Екранот чувствителен на допир реагира бавно или неправилно
Ако Вашиот уред има екран чувствителен на допир и екранот чувствителен на допир не реагира
правилно, обидете се со следново:
•
Отстранете ги сите заштитни облоги од екранот чувствителен на допир. Заштитните облоги
може да спречат уредот да препознава што внесувате и не се препорачуваат за уреди со екран
чувствителен на допир.
•
Осигурете се дека Вашите раце се чисти и суви кога го допирате екранот чувствителен на
допир.
•
Рестартирајте го Вашиот уред за да се исчистат сите евентуални софтверски багови.
•
Осигурете се дека софтверот на Вашиот уред е надграден со најновата верзија.
•
Доколку екранот чувствителен на допир е изгребан или оштетен, однесете го во Вашиот
локален сервисен центар на Samsung.
Page view 135

Comments to this Manuals

No comments