Основни информации
47
Поврзување со мрежа Wi-Fi
Поврзете го уредот со мрежа Wi-Fi за да користите Интернет или да споделувате медиумски
фајлови со други уреди. (стр. 118)
Вклучување и исклучување на Wi-Fi
Отворете го панелот за известување и потоа допрете
Wi-Fi
за вклучување или исклучување.
•
Вашиот уред користи нехармонизирана фреквенција и е наменет за употреба во
сите европски држави. WLAN може се користи во ЕУ без ограничувања за затворени
простории, но не може да се користи на отворен простор.
•
Исклучете го Wi-Fi за да ја заштедите енергијата на батеријата кога не го користите.
Приклучување на мрежи Wi-Fi
На почетниот екран, допрете
Нагодувања
→
Wi-Fi
и потоа повлечете го копчето
Wi-Fi
надесно.
Изберете мрежа од списокот пронајдени мрежи Wi-Fi, внесете лозинка ако е потребно и потоа
допрете
Поврзи
. Мрежите за кои е неопходна лозинка се прикажуваат со заклучена икона. Откако
уредот ќе се поврзе на мрежа Wi-Fi, уредот автоматски ќе се поврзува на истата секој пат кога е
достапна.
Додавање мрежи Wi-Fi
Ако посакуваната мрежа не се појавува во списокот со мрежи, допрете
Додај мрежа Wi-Fi
на
дното од списокот со мрежи. Внесете го името на мрежата во
Мрежен SSID
, изберете го типот на
безбедност и внесете ја лозинката доколку мрежата не е отворена и потоа допрете
Сочувај
.
Заборавање мрежи Wi-Fi
Секоја мрежа што кога било се користела, вклучувајќи ја тековната мрежа, може да се заборави
така што уредот нема автоматски да се поврзува на неа. Изберете ја мрежата од списокот со мрежи
и потоа допрете
Заборави
.
Comments to this Manuals