Основни информации
5
Икони за инструкции
Предупредување: ситуации кои можат да предизвикаат Ваша повреда и повреда на
другите
Внимание: ситуации кои можат да предизвикаат оштетување на Вашиот уред или на
друга опрема
Напомена: белешки, совети за употреба или дополнителни информации
Содржина на пакетот
Проверете дали во кутијата се содржани следните предмети:
•
Уред
•
Брз водич за употреба
•
Опремата испорачана со уредот и достапните додатоци можат да се разликуваат
во зависност од регионот или операторот.
•
Испорачаната опрема е наменета само за овој уред и може да не биде
компатибилна со други уреди.
•
Изгледите и спецификациите можат да се променат без претходно известување.
•
Можете да купите дополнителни додатоци од Вашата локална продавница на
Samsung. Осигурете се дека тие се компатибилни со уредот пред да ги купите.
•
Користете само додатоци одобрени од Samsung. Користењето неодобрени
додатоци може да предизвика проблеми со изведбата и неисправно работење
што не се покриени со гаранцијата.
•
Достапноста на додатоци може да подлежи на промени, а тоа сосема зависи од
производствените компании. За повеќе информации за достапната дополнителна
опрема, посетете ја интернет-страницата на Samsung.
Comments to this Manuals