Samsung SM-T810 User Manual Page 98

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 101
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 97
Додаток
98
Квалитетот на фотографиите е понизок од оној на прегледот
•
Квалитетот на Вашите фотографии може да се разликува во зависност од околината и
фотографските техники што ги користите.
•
Ако фотографирате во темни области, ноќе или во затворена просторија, може да се
јават пречки на сликата или сликите може да бидат вон фокус.
Се појавуваат пораки за грешка при отворање мултимедијални
фајлови
Ако добивате пораки за грешка или мултимедијалните фајлови не се емитуваат кога ги
отворате на Вашиот уред, обидете се со следново:
•
Ослободете меморија со префрлување на некои од фајловите на компјутер или нивно
бришење од уредот.
•
Осигурете се дека музичкиот фајл не е заштитен со DRM (Управување со дигитални
права). Ако фајлот е заштитен со DRM, обезбедете дека ја имате соодветната лиценца
или клуч за емитување на фајлот.
•
Осигурете се дека уредот ги поддржува форматите на фајлови. Ако некој формат на
фајл не е поддржан, како на пример DivX или AC3, инсталирајте една апликација што го
поддржува. За да ги потврдите форматите на фајлови што ги поддржува Вашиот уред,
посетете ја www.samsung.com.
•
Вашиот уред поддржува фотографии и видео-записи снимени со уредот. Фотографиите и
видео-записите снимени со други уреди може да не работат правилно.
•
Вашиот уред поддржува мултимедијални фајлови што се овластени од Вашиот мрежен
оператор или од операторите за дополнителни услуги. Некои содржини кои кружат
по Интернет, како што се тонови за ѕвонење, видео-записи или заднини, може да не
работат правилно.
Другиот уред со Bluetooth не може да се лоцира
•
Осигурете се дека безжичната одлика Bluetooth е активирана на Вашиот уред.
•
Уверете се дека безжичната одлика Bluetooth е активирана на уредот на кој сакате да се
поврзете.
•
Бидете сигурни дека Вашиот уред и другиот Bluetooth се во максимален Bluetooth опсег
(10 м).
Ако со горенаведените совети не се реши проблемот, контактирајте сервисен центар на
Samsung.
Page view 97
1 2 ... 93 94 95 96 97 98 99 100 101

Comments to this Manuals

No comments