Samsung NV75K5571RS User Manual Page 100

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 384
  • Table of contents
  • TROUBLESHOOTING
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 99
4 Македонски
Безбедносни инструкции
Безбедносни инструкции
Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 и повеќе години и
лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно
искусни или обучени лица, доколку истите се надгледуваат или им се дадат
инструкции за користење на уредот на безбеден начин и им се објаснат
можните опасности. Децата не треба да си играат со уредот. Чистењето
и одржувањето од страна на корисникот не треба да го вршат деца без
соодветен надзор. Чувајте го уредот и неговиот кабел подалеку од дофат
на деца помали од 8 години.
За време на употребата апаратот се загрева. Внимавајте некој да не дојде
во контакт со загреаните делови во рерната.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Достапните делови може да се загреат за време на
употребата. Не дозволувајте им на малите деца да бидат во близина.
Не употребувајте јаки абразивни средства или остри метални жици за
чистење на стаклото од вратата на рерната кои може да го оштетат и да
придонесат тоа да се скрши.
Ако уредот има функција за чистење, тогаш остатоците од храна мора да
се отстранат пред чистењето, а во рерната не смее да има садови за време
на чистењето со пареа или автоматското чистење. Функцијата за чистење
зависи од моделот.
Ако уредот има функција за чистење, тогаш за време на чистењето
површините може да се загреат повеќе од вообичаено, па затоа не
дозволувајте им на малите деца да бидат во близина. Функцијата за чистење
зависи од моделот.
Користете ја сондата за температура која е препорачана за оваа рерна.
(само модели со сонда за месо)
Уредот не треба да се чисти со пареа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Исклучете го уредот пред замената на светилката за
да се избегне можноста од електричен удар.
Уредот не смее да се монтира зад декоративна врата за да не дојде до
прегревање.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уредот и неговите достапни делови може да се
загреат за време на употребата. Внимавајте некој да не дојде во контакт
со загреаните делови. Децата на возраст помала од 8 години не треба
да бидат во близина, освен под постојан надзор.
ВНИМАНИЕ: Готвењето мора да се надгледува. Кратките процеси на
готвење мора да се надгледуваат континуирано.
Вратата или надворешната површина може да се загрее при ракување со
уредот.
Температурата на достапните површини може да биде висока при
ракување со уредот. Површините се загреваат за време на употребата.
NV75K5571RS_OL_DG68-00740A-02_BG+HR+MK+RO+SQ+SR+SL+EN.indb 4 2018-04-10  7:33:46
Page view 99
1 2 ... 95 96 97 98 99 100 101 102 103 104 105 ... 383 384

Comments to this Manuals

No comments