Основни информации
35
Поставување сметки
За апликациите на Google, како што е
Play Store
, потребна е сметка Google, а за
Samsung Apps
(
GALAXY Apps
) потребна е сметка Samsung. Креирајте сметки Google и
Samsung за да го имате најдоброто искуство со уредот.
Додавање сметки
Следете ги упатствата што се појавуваат кога ќе се отвори апликацијата на Google без
најавување за да се постави сметка на Google.
За да се најавите или да креирате сметка Google, на екранот со апликации допрете
Нагодувања
→
Додај сметка
→
Google
. Потоа, допрете на
New
за да се најавите
или допрете на
Existing
и потоа следете ги упатствата на екранот за да го завршите
конфигурирањето на сметката. Можат да се користат повеќе од една сметка на Google на
уредот.
Исто така, поставете и сметка на Samsung.
Отстранување сметки
На екранот со апликации, допрете
Нагодувања
, изберете име на сметка под
Сметки
,
изберете ја сметката што треба да се отстрани, и потоа допрете
Избриши сметка
.
Поставување кориснички профили
Се поставуваат кориснички профили и потоа се избира еден од нив при отклучување на
уредот за користење на персонализираните поставки. Со поставување повеќе кориснички
профили, повеќе корисници можат да го делат уредот без да влијаат на личните поставки на
другите, како сметките за е-пошта, сликите на заднината и друго.
На екранот со апликации допрете на
Нагодувања
→
Корисници
→
и потоа следете ги
упатствата на екранот за да поставите нов кориснички профил. За да пристапите на уредот
со кориснички профил, изберете профил од дното на заклучениот екран.
Comments to this Manuals