Медиуми
62
Галерија
Користете ја оваа апликација за гледање слики и видео-записи.
Допрете
Галерија
на екранот со апликации.
Гледање слики
Со стартувањето на
Галерија
се прикажуваат достапните папки. Кога друга апликација,
како што е
Е-пошта
, зачува слика, папката
Download
се креира автоматски за сликата да
се зачува во неа. На истиот начин, кога се зачувува слика од екранот, автоматски се креира
папката
Screenshots
. Изберете папка за да се отвори.
Во папка, сликите се прикажуваат според датумот на нивното креирање. Изберете слика за
да ја погледнете на цел екран.
Лизгајте лево или десно за да ја видите следната или претходната слика.
Зумирање и одзумирање
Користете еден од следните методи за зумирање слика:
•
Допрете двојно каде било за зумирање.
•
Раздалечувајте два прста на кое било место каде што сакате да зумирате. Спојте ги брзо
за одзумирање или допрете го екранот двојно за враќање.
Емитување видео-записи
Видео-фајловите се прикажани со иконата во прегледот. Изберете видео-запис за
гледање и допрете .
Отсекување сегменти од видео-запис
Изберете видео и допрете на . Преместете ја почетната заграда на саканата почетна точка,
преместете ја крајната заграда на саканата крајна точка и потоа зачувајте го видео-записот.
Comments to this Manuals