Samsung GT-S5300 User Manual Page 117

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 138
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 116
Решавање проблеми
117
Уредот емитува кратки тонови и иконата за батеријата е
празна
Вашата батерија е речиси испразнета. Наполнете ја или заменете
ја батеријата за да продолжите да го користите уредот.
Батеријата не се полни правилно или уредот се
исклучува
Половите на батеријата можеби се валкани. Пребришете ги
двата златно обоени контакти со чиста, мека крпа и обидете се
повторно да ја наполните батеријата.
Ако батеријата повеќе не се полни целосно, правилно
отстранете ја старата батерија и заменете ја со нова батерија
(проверете ги Вашите локални регулативи за инструкции за
правилно фрлање во отпад).
Вашиот уред е жежок кога ќе се допре
Кога користите апликации што користат повеќе енергија или
користите апликации на Вашиот уред подолго време, Вашиот
уред може да стане жежок. Тоа е вообичаена појава и не би
требало да влијае врз животниот век или функционирањето на
уредот.
Се појавува порака за грешка при вклучување на
камерата
Вашиот уред мора да има доволно достапна меморија и енергија
на батеријата за да може да работи апликацијата за камера.
Доколку примите порака за грешка при вклучување на камерата,
обидете се со следното:
Променете ја батеријата или заменете ја со батерија што е
целосно полна.
Ослободете дел од меморијата со префрлање на фајловите на
компјутер или со бришење фајлови од Вашиот уред.
Рестартирајте го уредот. Доколку се уште да имате проблеми
со апликацијата на камерата по изведување на овие совети,
контактирајте Samsung сервисен центар.
Page view 116
1 2 ... 112 113 114 115 116 117 118 119 120 121 122 ... 137 138

Comments to this Manuals

No comments