Samsung GT-S5300 User Manual Page 129

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 138
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 128
Информации за безбедност
129
Дозволете само квалификувани лица да го сервисираат Вашиот
уред
Дозволувањето на неквалификувани лица да го сервисираат Вашиот
уред може да предизвика оштетување, а со тоа и поништување на Вашата
гаранција од производителот.
Внимателно ракувајте со SIM картичките и со мемориските
картички
Не отстранувајте картичка кога уредот пренесува или прима •
информации, бидејќи тоа може да предизвика губење на податоците и/
или оштетување на картичката или уредот.
Заштитете ги картичките од силни удари, статички електрицитет и •
електрични пречки од другите уреди.
Не ги допирајте златно обоените контакти или полови со прсти или •
метални предмети. Доколку не е чиста, пребришете ја картичката со
мека крпа.
Обезбедете пристап до услугите за итни случаи
Повиците за итни случаи од Вашиот уред можеби нема да бидат возможни
во некои подрачја или околности. Пред патување во оддалечени или
неразвиени подрачја, испланирајте резервна метода за контакт со
персоналот задолжен за итни повици.
Чувајте ги на сигурно Вашите лични и важни податоци
При користење на уредот, уверете се дека ќе направите резервна копија •
на Вашите важни податоци. Samsung не е одговорен за губењето какви
било податоци.
Кога сакате да го отстраните Вашиот уред, направете резервна копија •
од Вашите податоци, потоа ресетирајте го Вашиот уред за да спречите
погрешна употреба на Вашите лични податоци.
Внимателно прочитајте го приказот со овластувања кога преземате •
апликации. Особено бидете претпазливи со апликации кои имаат
пристап до многу функции или до значајна количина на Вашите лични
податоци.
Редовно проверувајте ги Вашите сметки за неодобрена или сомнителна •
употреба. Ако најдете каков било знак на злоупотреба на Вашите
лични податоци, контактирајте го Вашиот оператор да ги избрише или
промени Вашите податоци за сметката.
Во случај уредот да го изгубите или да Ви биде украден, променете ги •
лозинките на Вашите сметки за заштита на Вашите лични податоци.
Избегнувајте да користите апликации од непознати извори и •
заклучувајте го Вашиот уред со шара, лозинка или PIN.
Page view 128
1 2 ... 124 125 126 127 128 129 130 131 132 133 134 ... 137 138

Comments to this Manuals

No comments