Се појавува порака за грешка при вклучување радиото
Апликацијата за FM радио на Вашиот уред го користи кабелот на
слушалките како антена. Без поврзани слушалки, радиото нема да
може да прима радио станици. За да го користите радиото, првин
проверете дали слушалките се правилно поврзани. Следно,
скенирајте и зачувајте достапни радио станици.
Доколку се уште не можете да користите радио по изведување
на овие чекори, обидете се со пристапување на саканата станица
со друг радио приемник. Ако не можете да ја слушате станицата
со друг применик, на Вашиот уред можеби му е потребно
сервисирање. Контактирајте Samsung сервисен центар.
Се појавува порака за грешка при вклучување на
музички фајлови
Одредени музички фајлови може да не се емитуваат на Вашиот
уред поради разни причини. Доколку примите порака за грешка
при отворање на музички фајлови на Вашиот уред, обидете се со
следното:
Ослободете дел од меморијата со префрлање на фајловите на
●
компјутер или со бришење фајлови од Вашиот уред.
Осигурете се дека музичкиот фајл не е заштитен со Управување
●
со дигитални права (Digital Rights Management - DRM). Доколку
фајлот е DRM-заштитен, осигурете се дека ја имате соодветната
лиценца или клуч за да го емитувате фајлот.
Проверете дали Вашиот уред го поддржува типот на фајлот.
●
Comments to this Manuals