Samsung GT-S5300 User Manual Page 131

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 138
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 130
Информации за безбедност
131
Врз овој уред, направен е тест за SAR при носење на тело со одобрен
дополнителен прибор или на растојание од 1,5 cm. За да ги постигне
упатствата за изложеност на RF за време на носењето на тело, уредот
мора да се користи со одобрен дополнителен прибор или да е поставен
на најмалку 1,5 cm растојание од телото. Доколку користите неодобрен
дополнителен прибор, осигурете се дека приборот не содржи метални
компоненти и дека уредот е поставен на 1,5 cm растојание од телото.
Организации, како Светската здравствена организација и Управата за
храна и лекови на САД, предлагаат ако луѓето се загрижени и сакаат да ја
намалат нивната изложеност, можат да користат дополнителна опрема за
разговор со „слободни раце“ за да го држат безжичниот уред подалеку од
главата и телото за време на неговата употреба или да го намалат времето
поминато во користење на уредот.
За повеќе информации, посетете
www.samsung.com/sar
и побарајте го
Вашиот уред со пребарување на неговиот број на модел.
Правилно депонирање на овој производ
(Отпадна електрична и електронска опрема)
(Применливо во Европската унија и другите европски земји со
системи за одвојување на отпадот)
Ознаката на производот, опремата или литературата означува
дека производот и неговите електронски додатоци (на
пример, полнач, слушалки, USB кабел) не треба да бидат
фрлени со останатиот отпад од домаќинството.
За избегнување на можни штети врз околината или човечкото
здравје предизвикани со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да
ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги
рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно
користење на материјалните ресурси.
Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го
купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали
каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по
околината.
Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги
проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и
неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален
отпад.
Page view 130

Comments to this Manuals

No comments