Samsung WD80J5430AW User Manual Page 603

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 960
  • Table of contents
  • TROUBLESHOOTING
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 602
Македонски 27
Пред да започнете
ЧЕКОР 4 - Претперење (ако е потребно)
Изберете ја опцијата Претперење за избраниот
циклус ако облеката е многу валкана. Не користете
ја опцијата Prewash (Претперење) кога рачно
додавате детергент во барабанот.
ЧЕКОР 5 - Одредете го капацитетот на
полнење
Немојте да ја преполнувате машината за перење.
Преполнувањето може да предизвика неправилно
перење од страна на машината за перење.
Прочитајте на страница 37 за капацитетот на
полнење за типот на алишта.
ЗАБЕЛЕШКА
При перење постелнина или навлаки,
времетраењето на перењето може да биде
продолжено или може да се намали ефикасноста
на центрифугата. За постелнина или навлаки,
препорачаната максимална брзина на
центрифугирање е 800 вртежи во минута, а
капацитетот на полнење е 2 kg или помалку.
ВНИМАНИЕ
Ако алиштата за перење не се урамнотежени и се
појави кодот за грешка UB, прераспоредете го
товарот. Неурамнотеженоста на алиштата за перење
може да ја намали ефикасноста на центрифугата.
ЧЕКОР 6 - Користете соодветен ви на
детергент
Видот на детергентот зависи од видот на ткаенината
(памук, синтетика, деликатни ткаенини, волна),
бојата, температурата на перење и видот на
валканоста. Секогаш употребувајте детергент за
перење кој „не пени“ премногу и кој е наменет за
автоматските машини за перење.
ЗАБЕЛЕШКА
• Следете ги препораките на производителот на
детергенти за тежината на алиштата за перење,
степенот на валканоста и тврдоста на водата во
вашето локално место. Ако немате информации
за тврдоста на водата, обратете се во локалното
претпријатие за водоснабдување.
• Немојте да употребувате детергент што може
да се стврдне или згусне. Ваквиот детергент
може да се задржи по циклусот на плакнење,
блокирајќи го излезот на одводот.
ВНИМАНИЕ
Кога перете волнена облека со користење на
циклусот за волна, користете само неутрален течен
детергент. Ако користите детергент во прав со
циклусот за волна, тој може да остане на алиштата и
да предизвика нивно избледување.
WD80J5430AW_03588L-07_MK.indd 27 2016/4/5 15:27:23
Page view 602
1 2 ... 598 599 600 601 602 603 604 605 606 607 608 ... 959 960

Comments to this Manuals

No comments